7 нешта кои можете да ги научите од вашата четвртинавековна криза

7 нешта кои можете да ги научите од вашата четвртинавековна криза

Да поминувате низ четвртинавековна криза е сосема нормално. Вие повеќе не сте тинејџер, но исто така не сте ни возрасна личност (ниту една возрасна личност нема толку дамки од кечап на својата кошула, се согласувате?). Вие сте дипломирале, но сè уште немате ни трага од кариера или пак, каква било работа која вклучува одело и актовка. Па, што точно се случува со вас во овој момент? Погледнете ги следниве 8 нешта кои можете да ги научите од оваа фаза во вашиот живот.

8 нешта кои можете да ги научите од вашата четвртинавековна криза

1. Да, вие навистина сакате љубовна врска со прегратки, држење за раце и слични „лигави“ нешта. Или пак, сакате само секс за една вечер, каде што нема да има ништо од овие работи бидејќи вие немате време за момче или девојка во вашиот живот. Без разлика на вашите потреби, време е да престанете да го посакувате тоа кое мислите дека треба и да откриете што навистина сакате.

2. Луѓето кои ве нервираат заземаат преголем дел од вашето време и тоа ве исцрпува. Искрено, понекогаш ви изгледа дека сте исцрпени дури и од самото подигнување на далечинскиот управувач и обидите да смените програма на телевизорот. Факт е дека не треба да се носите со драмата на вашите пријателки доколку тоа ви е премногу, додека пак вашите сомнежи дека тие само ве искористуваат најверојатно се претерани.

3. Сосема е во ред да му кажете дека сте немале оргазам, бидејќи животот е премногу краток за да не уживате целосно во сексот. Да, вие можете да се разбудите наредното утро, нервозни затоа што тој не се погрижил и за вашиот оргазам бидејќи мислел дека сте го доживеале или пак, искрено да му кажете дека ви е потребно уште време со цел да уживате во целост.

4. Ако вашиот претерано агресивен и мрзлив колега можел да побара покачување, сигурно и вие можете да го направите истото. Наместо да му се лутите и да ја осудувате наградата за неговата мрзлива и слаба работа, вие можете да се заземете за себе и да го побарате тоа што сметате дека го заслужувате. Доколку не добиете покачување, никому ништо, можеби единствено да размислите дали воопшто вреди да работите тука. Тоа е дефинитивно подобрата опција наместо да се каете дека воопшто не сте ни пробале и да чувствувате огорченост кон колегата кој не ви се допаѓа.

5. Уморни сте од тоа да бидете послушниот стажант кој на сите им вари кафе. Ако така се чувствувате, тогаш престанете да бидете тоа. Доколку не ви се допаѓа како ве третираат, обидете се да го смените тоа така што ќе почнете да преземате иницијатива и да барате поголеми проекти од оние кои тие ви ги даваат. Којзнае, можеби ќе привлечете нечие внимание…

6. Тортата е вкусна и нема да ве убие ако изедете само едно парче. Вие се грижите за вашето здравје и се обидувате да јадете колку што е можно поздраво, но зошто одвреме-навреме да не се наградите за добро завршената работа? Не само што вие ќе бидете посреќни, туку и вашето тело ќе ви заблагодари.

7. Има големи шанси дека вашето тело никогаш нема да изгледа како тоа на девојките од музичките спотови. Без разлика на тоа што гледате на телевизија или пак, во модните списанија, девојките во реалноста не изгледаат така. Вие треба да најдете начин како да го прифатите своето тело и да го сакате во целост. Исто така, имајте на ум дека доколку нешто не ви се допаѓа, вие секогаш можете да го поправите тоа, со доволно труд и вежбање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар