8 непотребни грижи што можат да ви ја растурат врската
Врските можат да бидат навистина тешки, но нема потреба од тоа. Едно од нештата што ги отежнува врските е тоа што луѓето се грижат за глупости за кои нема потреба. Овие грижи се разликуваат кај сите, но следниве 8 се најчестите.
1. Можеби ќе ве изневери
Секој сака да биде единствената личност за партнерот. Па штом ќе започнеме врска, потајно се надеваме дека тој или таа нема да забележува никој друг освен нас. Но размислете за ова. Никој не станува слеп за атрактивните луѓе само затоа што е во врска, а ова е сосема нормално. Не реагираат сите на оваа привлечност. Она што треба да го направите е да работите на вашата самодоверба. Доколку партнерот навистина сака да ве изневери, тогаш не знае да цени квалитетна личност како вас и воопшто не ви е потребен.
2. Можеби ќе ви раскине
И во овој случај проблемот е вашата ниска самодоверба. Оваа грижа е само потрошена енергија. Ако се чувствувате добро во врска со себе, тогаш нема потреба да се грижите дека партнерот ќе ви раскине. Потребно е да мислите дека сте вистинска „награда“ бидејќи тоа и сте. Сметајте дека партнерот е среќен што ве има. На овој начин нема да се појавуваат негативни емоции што ќе ви ја нарушуваат врската.
3. Не сте доволно добри за него/неа
Можеби веќе ја забележувате шемата – ниска самодоверба. Ако сметате дека не сте доволно добри за партнерот, размислете зошто е тоа така. Дали мислите дека сте премногу дебели? Премногу ниски? Премногу сиромашни? Важно е да престанете да размислувате за овие работи и да сфатите дека сепак сте доволно добри за вашиот партнер – затоа што тој или таа е со вас! Многу луѓе сметаат дека самодовербата е најатрактивната особина кај луѓето, па почнете да работите на неа.
4. Тој/таа не е доволно добар/добра за вас
Можно е да имате и преголема самодоверба, а границата помеѓу егоизмот и самодовербата е навистина мала. Всушност егоистичните луѓе не се сакаат, туку сакаат другите да го мислат тоа. Потребно е да го прифатите партнерот онаков каков што е. Секој е совршен на свој начин, но тоа не значи дека секој е совршен за вас. Ако навистина сметате дека не си одговарате со партнерот, тогаш продолжете понатаму. Среќната врска зависи од компатибилноста и еднаквоста.
5. Семејството и пријателите на партнерот не ве сакаат
Ако навистина се случува ова, постојат 3 причини за тоа:
1. Вие сте ужасна личност
2. Тие не можат да проценат карактер
3. Тие се многу поразлични од вас
Голема е веројатноста ова да не е точно, а доколку е, најверојатно станува збор за третата причина. Па, што ако сте различни? Ако сите бевме исти светот ќе беше навистина здодевно место.
6. Повеќе сака да биде со други луѓе отколку со вас
Дури и ако партнерот сака да минува многу време со пријателите или семејството, тоа не значи дека не ве сака. Екстровертите и интровертите навистина не можат да се разберат. Екстровертите сакаат и имаат потреба да минуваат време со други луѓе, додека интровертите немаат потреба од тоа. Ако ситуацијата е ваква, вие сте едноставно малку различни. Минувањето време со други луѓе не значи одбивање.
7. Не го привлекувате веќе
И овде можеби станува збор за ниска самодоверба или веќе сте заедно долго време па партнерот не се однесува како на почетокот од врската. Всушност, ова се случува многу често, но немојте да се плашите. Ова е само нормална фаза од секоја врска. Ако навистина ви претставува проблем, најдете ја причината и разговарајте со партнерот.
8. Имате премалку или премногу секс
Може и ова да е само фаза во врската, а можно е и вашиот партнер да се променил физички. Како и да е, потребно е отворено да разговарате на оваа тема. Имајте на ум дека грижата е како да се молите да се случи нешто што не сакате. Негативната енергија насочена кон партнерот воопшто не е продуктивна. Па сакајте се себеси, прифатете ја позитивноста и бидете среќни.
Погледнете и кои се проблемите со кои се соочуваат сите во нова љубовна врска.