8 непишани правила во врска со животот кои не треба да ги забораваме

8 непишани правила во врска со животот кои не треба да ги забораваме

Многу луѓе наидуваат на тешкотии кога станува збор за соочување со чувствата и проблемите во нивниот живот. Секој се справува со нив како знае и умее, но за жал, често се случува да одиме во крајност. Тогаш или бегаме од проблемите и се однесуваме како ништо да не се случило или дозволуваме тие премногу да влијаат на нас така што стануваме анксиозни и паѓаме во депресија.

(1)-8-pravila-vo-vrska-so-zhivotot-koi-ne-treba-da-gi-zaboravame-kafepauza.mk

Според Џулс Еванс, новинар и писател, комбинацијата на физолофија и психологија е многу практичен и ефективен начин да се пристапи кон проблемите со кои секојдневно се соочуваме. Тој во неговата книга Филозофија за животот и други опасни ситуации: Античка филозофија за модерни проблеми изложува идеи за како мозокот да се справи со помалку саканите емоции. Како основни правила по кои би требало да се водиме, тој ги предложува следниве.

1. Патењето е предизвикано од нашето мислење во врска со тоа што го предизвикало, а не од самата ситуација

Според Стоиците, доколку сфатиме како емоциите ни се поврзани со нашите сфаќања и гледишта, ќе можеме и да ги трансформираме. Поточно, дадена ситуација може да биде полоша или подобра во зависност од тоа како ние ќе се поставиме во врска со неа. Ова не значи да се размислува позитивно без разлика на сѐ, туку дека е потребно разумно да се размислува за тоа како ние самите придонесуваме кон постоечкиот проблем.

2. Често нашите мислења се несвесни, па доколку си поставуваме прашања може да ги освестиме

Сократ сметал дека сите луѓе месечарат низ животот, несвесни како живеат и никогаш не запрашувајќи се дали нивното размислување е правилно или мудро. Ова лесно може да се промени доколку си поставуваме прашања во стилот на Зошто вака се чувствувам? или Дали сум сигурен/на дека тоа што го знам е навистина така? Одговорите на овие и слични прашања можат од корен да ја сменат вашата перспектива.

3. Не можеме да контролираме што ни се случува, но можеме да ја исконтролираме нашата реакција во врска со тоа

Поделете ги нештата на оние кои не можете да ги контролирате и оние кои можете. Како и Епиктет, ќе увидите дека наспроти сите оние работи кои не можете да ги контролирате (други луѓе, времето, здравјето итн.), постои само една работа која можете, а тоа сте вие самите. Често се обидуваме да ја наметнеме контролата врз работи со кои не можеме да управуваме, па сме гневни и несигурни во себе кога нема да успееме. Ако се фокусирате на тоа врз кое може да влијаете ќе успеете да ја намалите анксиозноста и полесно да се справите со хаотични ситуации.

(3)-8-pravila-vo-vrska-so-zhivotot-koi-ne-treba-da-gi-zaboravame-kafepauza.mk

4. Изберете ја разумно вашата перспектива

Не мора да значи дека перспективата од која ние ги гледаме работите е правилната. Некогаш потребно е да ги видиме работите од друг агол за да сфатиме каде и во што е проблемот, некогаш сфаќајќи дека дури и не е толку голем како што сме мислеле. Стоиците применувале вежба со слична теорија, позната како Поглед од горе така што кога биле под стрес или нервозни ја проектирале својата имагинација во простор и се обидувале да добијат објективно гледиште земајќи ги сите факти предвид.

5. Навиките се моќна работа

Доколку малку размислите во врска со вашето секојдневие, ќе увидите дека тоа е исполнето со навики и рутини кои несвесно постојано ги повторувате. Почнувајќи од самиот момент кога станувате, распоредот по кој се подготвувате за претстојниот ден, па сè до некои ваши специфични протоколи кои ги применувате за да завршите некоја работа, може да се утврди дека навиките се неизбежен дел од вас. Факт е дека тие се и тоа како потребни. Ние луѓето забораваме, па постојаното потсетување е начин тоа да се подобри. Особено кога станува збор за нешто што е надвор од нашиот рутински распоред. Повторувајте, потсетувајте се, запишувајте. Навиката воведува некој ред кој му е потребен на секој човек.

6. Праксата е од витално значење

Теоријата е ништо без самото практично искуство. Како што и самиот Епиктет рекол: Можеби сме беспрекорни во училницата, но одвлечкај нè на терен и ќе потфрлиме катастрофално. Така е и со сѐ друго во врска со нас. Ништо не доаѓа туку така ниту, пак, стануваме способни да завршиме некоја работа само со информирање и читање за неа. Ако сакате да бидете подобра личност, почнете да правите работи кои водат кон тоа; сакате да сте способни подобро да ги контролирате чувствата и емоциите – вежбајте така што секој пат кога ќе ве изнервираат ќе се обидете да не избувнете.

(2)-8-pravila-vo-vrska-so-zhivotot-koi-ne-treba-da-gi-zaboravame-kafepauza.mk

7. Доблеста е доволна за среќа

Стоицизмот е терапија која се базира на специфична дефиниција за подобар живот, а тоа е живеење во согласност со доблеста. Со други зборови, да се прават добри дела кои се доволни за човекот да биде среќен. Наместо да нè радуваат материјалните богатства, Стоиците верувале дека токму правењето добро дело, кое целосно зависи од нас, е тоа што го исполнува човекот и го прави среќен. Така, на некој начин, техниките кои ги користеле Стоиците претставуваат етички норми на однесување со цел да се чувствувате добро.

8. Сите ние имаме етички обврски кон општеството

Стоиците верувале дека сите ние имаме морални и етички обврски кон општеството во кое живееме. Треба да ги почитуваме непишаните правила кое тоа ги налага, како што е морално да ги почитуваш семејството, пријателите, познатите и непознати луѓе. Имаме обврска да ги почитуваме нормите според кои функционира поголемиот дел од општеството, а со самото тоа и морална обврска кон сите луѓе кои се дел од него.

(4)-8-pravila-vo-vrska-so-zhivotot-koi-ne-treba-da-gi-zaboravame-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар