8 неочекувани знаци за неправилна функција на црниот дроб што не треба да ги игнорирате
Црниот дроб е навистина важен орган кој е одговорен за многу телесни функции, а неговата неправилна функција може да биде и фатална. Поради ова важно е да ги знаете знаците кои покажуваат дека можеби нешто не е во ред со вашиот црн дроб.
1. Пожолтени очи и кожа
Ако го имате овој симптом, вашиот црн дроб е во неволја. Оваа болест е позната како жолтица и предизвикува жолта пигментација на кожата, белките на очите и слузта. Жолтата боја се појавува поради вишокот билирубин кој се наоѓа во жолчката. Кога црниот дроб е во добра состојба тој лесно го елиминира билирубинот, но кога е оштетен буквално станувате жолти.
2. Чувство на замор
Овде не станува збор само за обичниот замор, туку за ментален и физички недостаток од енергија. Најчесто ќе немате мотивација да правите што било. Понекогаш може да го чувствувате заморот само наутро, а станувањето од кревет да ви биде вистинска тортура. Во други случаи, можно е да го чувствувате заморот и во текот на целиот ден.
3. Подуен стомак
Подуеноста на стомакот е еден од неудобните симптоми што предизвикува болка. Подуеноста настанува кога течноста се задржува во стомакот. Во некои случаи стомакот може да се надуе толку многу што ќе изгледа како на бремена жена. Поради насобраната течност, можно е да имате и потечени нозе и глуждови.
4. Намален апетит и слабеење
Обично лекарите го земаат предвид овој симптом ако станува збор за губење над 10% од телесната маса. Оваа состојба лесно може да се поврзе со подуеноста на стомакот – кога сте подуени не сакате да јадете ништо. Исто така може да ви биде тешко да јадете бидејќи чувствувате болка.
5. Појава на ангиоми на кожата
Ангиомите изгледаат како мрежа од мали крвни садови блиску до површината на кожата. Ако ги најдете на горниот дел од градите, дланките, вратот и лицето, можеби станува збор за болест на црниот дроб.
6. Модринки по телото
Ако имате оштетен црн дроб, производството на протеини прекинува или станува побавно. Ова предизвикува лошо згрутчување на крвта. Поради ова луѓето со оштетен црн дроб крвават повеќе и полесно им се појавуваат модринки.
7. Темна боја на урината
Нијансите можат да бидат различни, но воглавно вашата урина ќе изгледа потемно од вообичаено. Таа може да биде кафеава, темно портокалова или со боја на килибар. И во овој случај причината е вишокот билирубин што црниот дроб не може да го разгради.
8. Чешање
Секој може да го зачеша нешто, но кога имате проблем со црниот дроб чешањето е почесто и е локализирано. Причината се токсините што црниот дроб повеќе не може да ги отстрани. Кога телото е полно со токсини се појавува чешање, особено навечер.
Дознајте и што го уништува вашиот црн дроб и како можете да го обновите.