8 необични работи што сестрите се секогаш подготвени да ги направат една за друга

8 необични работи што сестрите се секогаш подготвени да ги направат една за друга

Доколку имате сестра, таа сигурно е и вашата најдобра пријателка, најголем советник и најсигурна поддршка. Сестрите ни се потребни за да се справиме со комплицираниот свет и да ги победиме сите неволји што ќе ни застанат на патот. Секако дека не можете да си одберете сестра, но можете да одлучите колку ќе се зближите и дали ќе бидете тука за неа секогаш кога ќе ѝ бидете потребни.

8 необични работи што сестрите се секогаш подготвени да ги направат една за друга

Сигурно ќе се согласите дека помеѓу сестрите постои една необјаснива, некажана и непобедлива врска што не може да се раскине. Па, на што сѐ се подготвени сестрите кога треба да си помогнат меѓусебно? Ова се 8-те необични работи што сигурно би ги направиле за вашата сестра без никакво двоумење…

1. Ненадејно застанувате пред неа за да не го види бившиот

Сигурно не сакате вашата сестра да биде повредена, па затоа подготвени сте да направите сѐ за да ја заштитите од болните ситуации. Тоа значи дека понекогаш ќе се поместите со целото ваше тело во јавност за да ѝ го скриете погледот кон човекот кого никако не сака да го види.

2. Се преправате дека сте вашата сестра за време на разговори што таа се обидува да ги одбегне

Понекогаш праќате пораки во нејзино име, па дури и разговарате на телефон со луѓе кои не сака да ги чуе. Тоа не ви претставува никаков проблем. Ја познавате вашата сестра толку добро што знаете што би им кажала на другите луѓе и многу ви е лесно да ја преземете нејзината улога.

3. Ја извлекувате од љубовните состаноци што не ѝ се допаѓаат

Можеби сте смислиле заедничка шифра или и вие сте отишле на местото каде што се одвива љубовниот состанок. Во секој случај, ако таа сака да побегне од нејзиниот додворувач, вие веќе имате смислено цел план како да го изведете тоа за само неколку минути.

4. Ги шпионирате нејзините момчиња за да ја ослободите од секакви сомнежи

Ова можеби не е еден од вашите најгорди моменти, но кога веќе шпионирате, барем тоа го правите за вашата сестра. Доволно е таа да ви каже каде се „чекирал“ дечко ѝ на Фејсбук и вие веднаш се појавувате на местото на злосторството. Подготвени сте да направите сѐ за да ги смирите мислите на сестра ви.

8 необични работи што сестрите се секогаш подготвени да ги направат една за друга

5. Ги вежбате нејзините говори кога сака да раскине со некого

Сестра ви планира да раскине со некого и има смислено цел говор, но ѝ треба некој за да го повежба. Вие без проблем ја преземате улогата на дечко ѝ и ги покажувате вашите актерски способности. Вашата мала изведба ќе ѝ помогне да види како би се одвивала целата ситуација и ќе ја подготви за вистинскиот разговор.

6. Ѝ ја збогатувате гардеробата со парче облека што веќе го носите

Никогаш не би дозволиле вашата сестра да отиде некаде несоодветно облечена! Ако сината е нејзината омилена боја, а вие по некоја случајност ја носите совршената сина маица, без никакво размислување ќе ја соблечете и ќе ѝ ја дадете нејзе.

7. Лажете дека сте болни за да излезете од работа и да бидете со неа

Понекогаш навистина ѝ требате на вашата сестра, па затоа дозволено ви е да кажете мала лага на работа за се ослободите и да бидете со неа. И таа би го сторила истото за вас!

8. Пробувате нешто што таа веќе ви кажала дека е одвратно само за да го споделите ужасот

Ова звучи многу чудно, но изразот на лицето што го направила сестра ви откако гризнала нешто одвратно не ви е доволен за да го споделите ужасот. Мора и вие да земете залче од истото јадење! Ова можеби не е толку забавно, но знаете дека не смеете да дозволите сама да поминува низ маката.

Сестрите секогаш ќе бидат тука една за друга на секој можен начин. Овие неколку нивни необични навики им помагаат да ја зацврстат врската и подобро да ја разберат моќта на нивното сестринство.

Прочитајте ги и следниве 13 нешта кои ќе ги разберат само оние кои имаат помала сестра.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар