8 необични причини поради кои постојано сте уморни

8 необични причини поради кои постојано сте уморни

Доколку веќе околу пладне почнувате да зевате и да се чувствувате како да немате сила ни да прошетате, тогаш сигурно веднаш посегнувате по кафето со цел да ја зголемите вашата енергија. Но, доколку сакате да најдете трајно решение за вашиот проблем, можеби е време да проверите дали вашиот умор е симптом за некоја скриена состојба, болест или пак, последица на одредени животни навики…

8 необични причини поради кои постојано сте уморни

Анемија

Милиони луѓе патат од анемија која се манифестира преку недостатокот на железо во организмот. Симптомите вклучуваат умор, вртоглавица и аритмија. Вам ви е потребно железо со цел да создавате црвени крвни зрнца преку кои кислородот се пренесува до сите делови на вашето тело. Без доволно кислород, вие се чувствувате летаргично, без разлика колку долго сте спиеле. Но, ако не сте анемични, не би требало да земате дополнително железо, па токму затоа консултирајте се најпрво со доктор.

Вежбање

Во зависност од тоа кога вежбате, вие во одреден момент од денот можете да забележите интензивен умор. Токму затоа најдобро е да вежбате аеробик вежби наутро, а поблаг облик на активности, како јога или прошетка навечер со цел да ги опуштите вашите мускули. Доколку се исцрпувате за време на тренингот, треба да го прилагодите интензитетот на вежбањето така што по завршувањето да имате повеќе, а не помалку енергија. Од друга страна пак, ако воопшто не вежбате, тогаш можете да западнете во бескраен круг на умор и поспаност.

Депресија

Како и губењето на либидото, дебелеењето и недостатокот на мотивација, така и хроничниот умор е еден од најчестите симптоми на депресија. Доколку патите од депресија, најдобро би било да се обидете да си помогнете со помош на когнитивно бихејвиоралната терапија кај проверен психотерапевт, бидејќи докажано е дека таа може да ви го промени начинот на размислување, резултирајќи со подобра контрола над стресот и депресијата.

Дијабетес

Многумина патат од дијабетес тип 2 без да бидат свесни за тоа. Еден од симптомите на оваа болест е константен умор и губење тежина. За да проверите, направете едноставен тест на крвта. Ако резултатите се негативни, тогаш вашиот умор може да биде предизвикан и од големи промени на нивото на шеќерот во вашата крв. Доколку пред циклусот ви се појавува силна желба за слатки или мрсна храна, можно е да имате нарушување на нивото на шеќер во вашата крв. Со цел да го доведете во нормала, избегнувајте ја преработената храна, соковите, цигарите и кофеинот. Јадете на секои 3 часа храна која има низок гликемичен индекс, како морски плодови, јајце, хумус, зеленчук и од овошјата – праски, грозје и јаболко. Заменете ги тестенините со интегрален ориз и појадувајте овесна каша наместо преработени снегулки.

Дехидрација

Дехидрацијата настанува кога губите многу повеќе течности одошто внесувате, па токму затоа и ќе почнете да чувствувате слабост и вртоглавица. Најдобро е доколку створите навика да пиете редовно вода, од 6 до 8 часа дневно и да не чекате да ожедните за да се напиете нешто. Исто така намалете со алкохолот и кафето бидејќи тие ја забрзуваат дехидрацијата.

Недостаток на витамин Б12

Ако се чувствувате уморно, без разлика на тоа што се храните здраво, има големи шанси да ви недостасува витаминот Б12 кој помага при процесот на пренесување кислород ширум телото. Направете тест на крвта и заедно со вашиот доктор одлучете која е најдобрата можност за вас.

Тироида

Тироидната жлезда произведува хормони кои го контролираат метаболизмот и нивото на енергија. Ако жлездата не функционира како што треба, вашата телесна тежина ќе се зголеми, а вашата кожа и коса ќе почне да се суши. Вие исто така можете да се чувствувате и депресивно. Ако навистина ова е вашиот проблем, тогаш покрај терапијата би требало да им дадете предност и на овошјето, зеленчукот и рибите, додека истовремено ги избегнувате алкохолот и цигарите.

Интолеранција

Интолеранцијата на одредени видови храна може да покрене реакција на имуниот систем која почнува да користи големи количини енергија, па токму затоа и станувате постојано уморни. Најчестите виновници за овие реакции се житарките, млечните производи и шеќерот. Ако се сомневате на каква било интолеранција, тогаш треба да започнете да водите дневник за исхрана со цел да откриете по кој вид храна вашата енергија се исцрпува. Обидете се да ги елиминирате сомнителните групи храна за да откриете дали вашата состојба ќе ви се подобри.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар