8 научно докажани знаци дека сте многу поинтелигентни одошто мислите

8 научно докажани знаци дека сте многу поинтелигентни одошто мислите

Постојат многу верувања што владеат за интелигентните луѓе: Тие никогаш не се мрзеливи, имаат одлична меморија и не користат вулгарни зборови. Меѓутоа, истражувањата покажале дека високиот коефициент на интелигенција е честопати поврзан со некои неочекувани навики и чудни начини на однесување. Дали вие се сметате за интелигентни? Проверете дали ги покажувате следниве знаци и можеби ќе го пронајдете генијалецот кој се крие во вас…

8 научно докажани знаци дека сте многу поинтелигентни одошто мислите

1. Мрзеливи сте

Еден експеримент покажал дека луѓето со висок коефициент на интелигенција тонат во нивните мисли и не се толку активни, додека на просечните поединци многу лесно им станува здодевно и се обидуваат да си го пополнат распоредот. Сепак, не би требало да ја оправдувате вашата мрзеливост со високата интелигенција.

2. Заборавате некои ситници

Добрата меморија секогаш се сметала за знак на интелигенција, но најновите истражувања покажале дека заборавеноста е вистинскиот показател на високиот коефициент на интелигенција. Нашиот мозок заборава ситници од две причини: Тоа му помага да се прилагоди на новите услови и ослободувањето од малите нешта ја сумира информацијата и му помага да ја согледа големата слика. Не се лутете на себе доколку сте заборавиле нешто безначајно. Можеби вашиот мозок само се обидува да направи место за нови идеи.

3. Пцуете одвреме-навреме

Докажано е дека присуството на вулгарни зборови во вашиот речник не се показател на ниска интелигенција. Сѐ повеќе и повеќе истражувања докажуваат дека луѓето кои често пцујат имаат многу побогат речник што е знак за висока интелигенција. И покрај тоа, треба да внимавате на вашиот говор. Претераната употреба на вулгарни зборови нема да ви помогне да оставите добар впечаток.

4. Им верувате на луѓето

Генералното мислење е дека паметните луѓе не веруваат никому. Меѓутоа, научниците докажале дека интелигентните поединци имаат поголема доверба во останатите. Тоа можеби се должи на фактот што имаат попозитивен став кон животот. Истражувачите исто така тврдат дека оние кои им веруваат на другите имаат челични нерви и помалку здравствени проблеми. Довербата не само што е пријатна туку е и добра за вашето здравје.

8 научно докажани знаци дека сте многу поинтелигентни одошто мислите

5. Не сакате црвено месо

Неодамнешните анкети покажале еден многу интересен факт: Луѓето со висок коефициент на интелигенција претпочитаат пилешко месо, риба и зеленчук наместо црвено месо. Но, немојте веднаш да го отфрлите свинското месо од исхраната. Изборот на храна зависи од многу други услови како што се семејството, здравјето, верата па дури и местото на живеење.

6. Давате добри идеи

Очигледно е дека интелигентните луѓе честопати измислуваат нови работи, се согласувате? Но, ова не е баш така. Најчесто, луѓето со висок коефициент на интелигенција се способни да смислат неконвенционални решенија, но не ги употребуваат во животот. Тоа е така затоа што кога ќе се обидат да реализираат некоја идеја, веднаш им се јавува нова во главата и им го одвлекува вниманието.

7. Чувате мачка

Некои истражувања покажале дека луѓето кои сакаат мачки се посмирени, почувствителни и имаат повисок коефициент на интелигенција, додека љубителите на кучиња се поактивни, поотворени кон останатите и навикнати се да ги почитуваат правилата. И двата избора имаат свои придобивки, но заклучокот останува ист: Крзненото другарче ќе ви донесе многу љубов во домот, а тоа е најважно.

8. Малку спиете

Интелигентните луѓе остануваат будни до подоцна што најчесто доведува до малку време поминато во спиење, бидејќи мора да станат рано наутро за одат на работа или на училиште. Доколку сте ноќна птица и не можете да го промените тоа, опуштете се, тоа е знак дека сте паметни.

Дали сте знаеле дека и мрачната смисла за хумор е знак за висока интелигенција?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар