8 начини за надминување на стравот од посветеност во љубовта
Се плашите од врзување? Се плашите да се венчате? Ако одговорот е да, можеби имате страв од посветеност. Додека разговорот за дефинирање на врската е сосема нормална работа за едни, за други може да биде навистина застрашувачка. Ако спаѓате во овие вторите, време да преземете контрола и да го надминете вашиот страв. Еве 8 начини кои ќе ви помогнат во тоа.
1. Откријте го коренот на вашиот страв
Постојат разни причини за појавата на овој страв. Може да станува збор за расипан дом, страв од скршено срце или неспособноста да ја спуштите вашата одбрана. Што побрзо ќе го најдете коренот, толку побрзо ќе се ослободите од стравот.
2. Соочете се со стравот
Надминувањето на стравот е важно сè додека му додава вредност на вашиот живот. Секој има нешто што е далеку од неговата зона на удобност, а кога ќе дозволите вашиот страв да одлучува како да живеете, вие не живеете во сегашниот момент. Вие му дозволувате на стравот да ги донесува вашите одлуки, па затоа е и важно да се соочите со него.
3. Направете си простор
Кај некои луѓе стравот од посветеност е резултат на пренатрупаниот распоред. Секој од нас е многу зафатен, но важно е да запомните дека треба да обрнувате внимание и на вашите врски. Можеби сметате дека е невозможно посветувањето на само една личност бидејќи немате ни време ни енергија. Вашите потреби се единственото нешто со кое можете да се справите, но дали е навистина така? Кога мислите само на вашите потреби вие не си давате можност да ги прифатите другите луѓе, па дури и да се заљубите. Научете да се опуштите и ќе бидете изненадени на она што животот има да ви го понуди.
4. Не чекајте другите да направат да се чувствувате подобро
Ако ви е страв да се посветите некому, можеби му давате големо значење на мислењето кое другите го имаат за вас. Штом ќе се посветите на некоја личност, се појавува ризикот од одбивање. Но, ова не треба да ви претставува проблем. Без разлика дали луѓето ве прифаќаат или не, тоа не ја менува личноста којашто сте. Ако стравот од судење ја „убива“ вашата способност за посветување, размислете колку всушност се потпирате на мислењата на другите. Пронајдете ја вашата самодоверба во нештата кои ве прават среќни наместо да ја саботирате секоја можност за љубов чекајќи ја совршената личност.
5. Најдете слобода во љубовта
Чувството на заробеност во врската може да води до страв од посветување. Па, време е да го смените начинот на кој размислувате. Наместо да се чувствувате заробени, размислете какво е чувството да бидете заљубени. Со вистинската љубов доаѓа и чувството на слобода, слобода да бидете свои, слобода да љубите безусловно и слобода да бидете ранливи. Љубовта е нешто што вреди да го истражите.
6. Барајте личност со исти вредности
Посветувањето на некоја личност значи дека со неа ќе ги делите вашите најдлабоки верувања, а ова може да биде навистина застрашувачки. Затоа е важно да најдете личност со исти верувања како вашите со цел врската да биде здрава. Можеби нема да се согласувате за спортските тимови, но кога ќе ги делите најважните вредности, како религијата или семејството, ќе ја забележите разликата.
7. Опкружете се со луѓе кои имаат здрави врски
Покрај личното искуство, нема подобар начин да ја почувствувате здравата врска од нејзиното гледање. Луѓето кои постојано се опкружени со лоши врски имаат поголеми шанси да развијат лошо мислење за нив. Но, кога ќе го пронајдете доброто друштво ќе имате и друг аспект на врските кој можеби ќе ви помогне да го надминете стравот од посветување.
8. Размислете за придобивките
Не дозволувајте вашиот отпор кон врските да ја надмине целата убавина која ве чека. Живеењето во страв само ве спречува да живеете во сегашниот момент. Големата посветеност ви ги покажува значењето, целта и насоката кои се поголеми од вас, а ова може да биде навистина задоволувачко. Пред да се откажете од сериозната врска, размислете што всушност испуштате.
Погледнете ги и 10-те работи кои можете да ги научите од здравите љубовни врски.