8 начини на кои тој ви кажува дека ве сака без да ги изговори зборовите „Те сакам“

8 начини на кои тој ви кажува дека ве сака без да ги изговори зборовите „Те сакам“

„Те сакам“ се зборовите кои секоја девојка со нетрпение очекува да ги чуе од своето момче. Но, тоа се и зборовите кои на момците најтешко им е да ги кажат. Постојат повеќе причини зошто ним им е толку тешко да ги изговорат овие фамозни зборови. Може да станува збор за страв од одбивање, недоволно разбирање за важноста на оваа фраза или едноставно не се чувствуваат пријатно гласно да ги искажуваат своите емоции. За среќа, лесно можете да препознаете дали момчето ве сака, со тоа што ќе обрнете внимание дали ги прави следниве 8 работи…

8 начини на кои тој ви кажува дека ве сака без да ги изговори зборовите „те сакам“

1. Ве бакнува страсно

Долгите, интимни и страсни бакнежи покажуваат дека на вашето момче му значите и навистина сака да биде со вас. Во него почнуваат да се раѓаат подлабоки чувства за вас. Овие бакнежи се прекрасни и се чини како да треба да траат вечно.

2. Неговите пријатели ве прифаќаат во друштво

Можеби на неговите пријатели ќе им треба малку време за да свикнат на вас, но во моментот кога тие целосно ќе ве прифатат во друштвото ќе знаете дека вашето момче се вљубува во вас. Неговите пријатели можат да ја забележат промената што ја внесувате во неговиот живот и однесување и колку е среќен кога е со вас. Неговите реакции им ја покажуваат причината за сето ова и тие со задоволство ќе ја поддржат вашата врска.

3. Сака да бидете интимни

Кога мажите се вљубени, тие сакаат да бидат блиску до саканата личност. Тој ќе сака да навлезе во вашиот личен простор со тоа што цело време ќе наоѓа изговор да ве допре на нежен, љубовен начин. Колку повеќе ви се доближува, толку повеќе е вљубен во вас.

4. Ве слуша

Слушањето е многу помоќна алатка од зборувањето. Кога вашето момче ве слуша внимателно, можете да бидете сигурни дека е заљубен. Возможно е дури и да слуша повеќе одошто зборува за да може да дознае повеќе работи за вас. Комуникацијата е од витално значење за една врска, и момците треба да знаат дека ако сакаат да освојат некоја девојка, треба внимателно да ја слушаат.

8 начини на кои тој ви кажува дека ве сака без да ги изговори зборовите „те сакам“

5. Ви праќа ненадејни пораки

Ова не важи за сите мажи, но некои момци сакаат да праќаат пораки. Ако тој е еден од нив, ќе ви праќа ненадејни пораки во текот на целиот ден. Намерата на овие пораки не е да провери каде се или затоа што му е здодевно, туку да ги сподели неговите мисли и да започне дискусија. Ова покажува дека тој мисли на вас и се чувствува слободно да ве запознае преку сите нивоа на комуникација.

6. Останува со вас

Ако спремате забава, тој ви прави друштво и кога пазарите и кога ја подготвувате храна, наместо едноставно да се појави на забавата. Ова е голем показател за неговата љубов бидејќи покажува дека сака да поминува време со вас без разлика што правите.

7. Ви подарува значајни подароци

Сигурен знак дека момчето е заљубено во вас е кога ќе почне да ви купува значајни подароци. Тука не станува збор за скап накит или цвеќе, туку за подароци кои навистина нешто ви значат. Тоа се обично работи кои ги собирате за во личната колекција или кои ве интересираат. На овој начин тој ја покажува неговата љубов и фактот дека е добро запознаен со вашите интереси.

8. Ве гледа во очи

Контактот со очи е многу значаен за врската, љубовта, бракот и за кој било друг однос. Но, исто така тоа е знак кој вели „Те сакам“. Дури и кога сте оддалечени еден од друг, тој ќе продолжи да ве гледа барајќи го вашиот поглед.

Ние, како човечки суштества имаме потреба да сакаме и да бидеме сакани. Тој може да ве сака најмногу на светот, но никогаш да не ви го каже тоа со зборови. Тоа не значи дека неговите чувства не се искрени, туку дека има поинаков начин на искажување љубов. Прифатете го неговиот начин на сакање и безусловно возвратете со иста мера. Не губете време во сомневање и поставување непотребни прашања. Уживајте во врската и во сите моменти поминати заедно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар