8 начини на кои паметните луѓе се справуваат со токсичните луѓе околу себе
Токсичните личности се оние луѓе кои ја црпат енергијата на другите, постојано размислуваат негативно и сакаат на другите да им наметнат таков начин на размислување и да се чувствуваат лошо заради тоа. Но, паметните и интелигентните луѓе знаат како да им се спротивстават на токсичните личности, па тоа го прават на следниве 8 начини!
1. Исклучително се самосвесни
Паметните луѓе се свесни за своите способности и преференции и на кој начин тоа влијае врз другите луѓе. Самосвесноста ни овозможува да се освестиме и да разбираме, но и да сметаме на какви било внатрешни или надворешни влијанија кои може да нѐ исфрлат од такт, што секако ги вклучува и токсичните луѓе.
2. Опростуваат, но не забораваат
Емоционално интелигентните луѓе разбираат дека опростувањето е неопходна компонента за психичкото здравје. Меѓутоа, разбираат и колку е важно да не заборават дека некој ја издал нивната доверба. Таа карактеристика им овозможува на емоционално интелигентните луѓе да се фокусираат на луѓето околу себе, оние кои не ги издале и на градењето цврсти односи со нив.
3. Не дозволуваат околностите да влијаат на нив
Не е лесно да останете неутрални во близина на токсичните луѓе, меѓутоа тоа е неопходно. Цврстината, отпорноста и способноста да се спротивставите на негативноста е особина која им е важна на интелигентните луѓе, особено кога имаат работа со токсичните луѓе. Овие луѓе знаат уште една тајна: кога некој ќе се обиде да ги уништи, тие ќе се вратат уште посилни.
4. Брзо поставуваат граници
Кога паметните личности ќе почувствуваат дека имаат работа со некој што е токсичен, веднаш ќе реагираат. Тоа не значи дека во комуникацијата ќе бидат непристојни и ненадејни, туку љубезни, цврсти, недвосмислени и бескомпромисни. Поедноставно, нема да им дозволат на токсичните луѓе на кој било начин да влијаат на нив.
5. Знаат да ја штедат енергијата
Додека токсичните луѓе живеат од тоа што ја црпат енергијата на другите, паметните луѓе живеат така што ги чуваат сопствените залихи на енергија, односно знаат како да располагаат со сопствената енергија на најдобар начин. Кога паметно ја расположуваме енергијата, нема да им дозволиме на токсичните луѓе да нѐ исцрпат. Наместо тоа, ќе ја сочуваме за некои позитивни чекори и активности.
6. Фокусирани се кон своите обврски и задачи
Намерата на токсичните луѓе е да ги попречуваат другите во извршувањето на нивните секојдневни обврски и задачи, а паметните луѓе едноставно нема да дозволат да им пречат. Тие ќе се фокусираат на она што е пред нив и ќе продолжат понатаму, без оглед на тоа кој се наоѓа околу нив.
7. Ќе се спротивстават на негативното мислење за себе
Дури и луѓето со висок коефициент на емоционална интелигенција понекогаш се склони кон негативно мислење за себе. Токсичните луѓе можат на другите да им наметнат негативно размислување доколку нивниот соговорник не е подготвен за тоа, и тоа ни се случува на сите нас. Меѓутоа, паметните луѓе се подготвени брзо да го препознаат и да го неутрализираат негативното мислење за себе.
8. Ориентирани се на решението
Интелигентните и паметните луѓе се талентирани за пронаоѓање решенија на проблемите. Соочувањето со токсичните луѓе за нив е само уште еден проблем што треба да го решат. Тие ќе ги проценат опциите кои ги имаат и ќе ги преземат потребните чекори.
Дознајте и кои се 10-те типови токсични луѓе кои ја одземаат вашата енергија.