8 начини да се разбудите поубави од кога сте заспале

8 начини да се разбудите поубави од кога сте заспале

Сонот е многу важен за нормалното функционирање, како и за нашиот изглед. Токму затоа и идеално би било ако споите 8 часа квалитетен сон, што за многумина е едноставно невозможно. Но, постојат и други начини кои можат да ви помогнат да изгледате убаво и одморено кога ќе се разбудите. Рене Руло, која е задолжена за убав и свеж изглед на многу славни личности, ни дава неколку совети кои можат многу да ни помогнат.

8 начини да се разбудите поубави од кога сте заспале

1. Започнете со миење и отстранување на шминката

Без разлика колку сте уморни, пред да си легнете да спиете отстранете ја целата шминка од вашето лице со тоник, и масирајте го на кратко вашето лице со благи кружни движења. Потоа нанесете серум или крема која е соодветна за вашиот тип кожа.

2. Нека кремата ги содржи следниве состојки

Понекогаш постојат толку многу продукти за одредена намена, што едноставно е многу тешко да се избере правилниот. Па, следен пат кога ќе одбирате, погрижете се кремата да ги содржи следниве нешта: ретинол, гликолна киселина, пептиди и црвени морски алги. Овие состојки го стимулираат производството на колаген.

3. Најдете ја правилната положба за спиење

Најдобро е да спиете на грб, бидејќи на тој начин вашето лице нема да се допира до перницата и да ви се создаваат ситни бори од неа.

4. Користете свилена постелнина

Освен што таа е помека од памучната, ако се свртите на страна, свилата нема да остави никакви траги на вашето лице, па не мора да се плашите дека наутро ќе се разбудите со бори и линии.

5. Менувајте ги препаратите во зависност од времето

Во текот на летото користете хидратантна крема која нема да ви ги затвори порите. За време на зимата многу е важно да додадете неколку капки природно масло кое ќе ја заштити вашата кожа од ниските температури и ќе ја направи уште помека.

6. Проверете ја сувоста на воздухот

Доколку можете да купите еден од оние апарати кои ја одржуваат оптималната влажност во вашата соба, вие ќе ѝ направите огромна услуга на вашата кожа. Сите знаеме дека сувиот воздух е еден од најголемите непријатели на кожата.

7. Обезбедете си мирен сон

Нека вашата спална соба биде оаза исполнета со мир во која постојано ќе се чувствувате опуштено и убаво. Исфрлете ја сета техника од оваа соба, од телевизорот и телефонот, па сè до радиото и опуштете се. Наполнете ги вашите батерии со енергија која ќе ве држи во текот на целиот ден.

8. Спијте најмалку 7 часа

Недостатокот на сон е уште еден голем непријател на кожата и убавиот тен. Ако не спиете во просек 8 часа, вашата кожа многу побрзо ќе остари и ќе добие флеки. Подочниците ќе станат редовен посетител на вашето лице, а покрај уморниот изглед со бори, вие постојано ќе бидете под стрес.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар