8 начини да се грижите за вашите стапала после трчањето

8 начини да се грижите за вашите стапала после трчањето

Одморањето е клучен дел од секој тренинг, а оние коишто трчаат посебно внимание треба да посветат и на здравјето на своите стапала. Покрај другите правила коишто треба да ги почитува секој спортист, постојат и неколку чекори коишто може да ви помогнат да ги одржувате вашите нозе здрави за да продолжите да трчате. Еве кои се осумте чекори коишто треба да ги практикувате по трчањето.

1. Растегнете ги стапалата

Првото нешто што треба да го направите откако ќе се вратите дома по трчањето, е да ги растегнете вашите стапала. Свиткувањето на прстите е добро да го практикувате пред и после трчањето.

2. Тркалајте предмети со стапалата

Доволно е да земете шише со вода или пак некое топче и да го ставите под стапалата, па да почнете да го тркалате. Не е потребно да вложувате напор, доволно е само да го тркалате предметот за да се ослободите од напнатоста.

3. Ставете мраз и подигнете ги

Доколку чувствувате болки во нозете, можете да ги ублажите со тоа што ќе ставите мраз и ќе ги подигнете. Држете го ледот 20 минути на палецот, а потоа подигнете ги нозете на креветот, столот или масата.

4. Релаксирајте ги во топла вода

Друг начин да ги релаксирате вашите мускули е да ги ставите во топла солена вода. Подгответе си го овој третман и опуштете се додека гледате телевизија или читате книга.

5. Масажа со крема

Болката и воспалението добиени од трчањето можете да ги ублажите со масажа со кремата којшто најмногу ви одговара. Од масажата ќе почувствувате и олеснување, а уште една придобивка е што ќе го спречете и пукањето на кожата.

6. Третирајте ги плускавиците соодветно

Ако се вратите дома со неколку меурчиња на стапалата, третирајте ги веднаш! Доколку тие се поголеми, исцедете ги со стерилизирана игла, па потоа намачкајте ги со антибактериска маст.

7. Облечете чорапи

Без разлика дали ќе ги носите еден час движејќи се низ куќата или пак ќе спиете со нив, чорапите ќе им помогнат на мускулите побрзо да заздрават, а со тоа и да се чувствувате многу подобро.

8. Посетете педикир

Скратете ги ноктите и дајте им ја соодветната масажа на вашите стапала, па ќе бидете подготвени да трчате уште многу километри!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар