8 начини бремените жени да се справат со утринските мачнини

8 начини бремените жени да се справат со утринските мачнини

Речиси 90% од жените се соочуваат со утрински мачнини во раните фази на бременоста. Тоа воопшто не е пријатно, но можете да преземете неколку чекори за да ги намалите овие ефекти. Погледнете ги овие 8 едноставни трикови што треба да ги примените кога ќе почнете да чувствувате дека ви се гади.

1. Веднаш јадете нешто

8 начини бремените жени да се справат со утринските мачнини

Веднаш до креветот чувајте некоја мала ужина и полека почнете да грицкате штом ќе се разбудите. Со тоа што побрзо ќе ставите нешто во стомакот, ќе можете да го намалите гадењето.

2. Бидете хидрирани

8 начини бремените жени да се справат со утринските мачнини

Кога повраќате, вие губите многу течности, па затоа е значајно истите да ги надополните. Хидрирањето ќе направи да се чувствувате подобро, па затоа, треба да пиете вода почесто во текот на денот.

3. Избегнувајте топли оброци

8 начини бремените жени да се справат со утринските мачнини

Кога се наоѓате во период кога имате утрински мачнини, препорачливо е да се држите до студена храна или пак да престојувате во постудена соба. Топлата храна има посилна арома и мирис и тие се главна причина за гадење во раните фази на бременост.

4. Забележете што е она што ви предизвикува мачнини

8 начини бремените жени да се справат со утринските мачнини

Кога станува збор за утринските мачнини, мирисот на некои работи може да направи да се чувствувате полошо. Затоа, забележете што е она што ви предизвикува гадење. Дали е тоа парфемот на вашиот партнер, мирисот на одредено јадење или пак нешто друго. Откако ќе го направите ова, обидете се истите да ги избегнувате што е можно повеќе.

Погледнете уште четири корисни начини на наредната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар