8 мудрости што татковците треба да им ги пренесат на нивните синови
Иако постојат луѓе кои мислат дека мајката ја игра најважната улога во животот и воспитувањето на детето, сепак постојат некои работи што синовите најдобро можат да ги научат само од татковците. Не се согласувате? Размислете за ова на следниов начин: Најпрво, за момчето се грижат воспитувачките во градинка, потоа тоа оди на училиште каде што 90% од професорите се жени. Детето постојано е во присуство на жени и му недостасува машко образование. Ова се 8-те мудрости што само татковците можат да им ги пренесат на нивните синови…
1. Да им објаснат колку е важно да бидат добри победници, но и добри губитници
Покрај пријателите, кој е најдобриот придружник на децата во разните натпревари и игри? Секако дека татковците. Преку игрите, детето ќе може да го почувствува вкусот на победата и да сфати колку многу труд треба да вложи за да стигне до неа. Натпреварите претставуваат одлична можност за татковците да им објаснат на синовите дека поразите се неизбежни. Синовите ќе научат дека ако паднат, треба само да станат и да продолжат понатаму. Не е срамота да се изгуби.
2. Да ги научат како да се однесуваат со жените
И мајките можат да им кажат на синовите како треба да се однесуваат со жените, но само таткото ќе може да го покаже тоа преку личен пример. Многу е важно кога детето учи за жените од неговиот татко. Не од другари, не од Интернет, туку од татко му. Татковците треба да ги земаат синовите со нив кога ќе купуваат цвеќе за мајките. Треба да одат заедно во продавница и таткото да покаже како треба учтиво да се разговара со касиерката. На тој начин детето ќе научи како да комуницира со жените што не ги познава.
3. Отворено да разговараат за љубовта
Кога ќе дојде времето, синовите треба да научат сѐ за ова моќно чувство од нивните татковци. Тинејџерите многу ќе го ценат моментот кога татко им отворено ќе им раскаже сѐ за неговата прва љубов и први љубовни состаноци. Татковците треба да ги научат синовите дека подобро е да не брзаат и да ја почекаат вистинската девојка која ќе им го затрепери срцето. Ваквите разговори се од големо значење за меѓусебната доверба.
4. Да ги научат како да се борат
Таткото е единствениот човек кој најдобро може да го научи синот како да биде силен и цврст, како да се бори за себе и за правдата. Тој треба да го научи синот да препознава кога треба да „заржи“ и да го исплаши напаѓачот, а кога да ги игнорира провокациите и смирено да замине. Татковците треба да им објаснат на нивните синови и да им покажат преку личен пример дека добродушноста не е слабост.
5. Да им помогнат самите да создадат мислење за светот
Во овој случај, татковците не треба да прават ништо посебно. Треба само да бидат присутни и да разговараат со синовите. Детето треба да разберете дека мајката не е единствената која има одредени потреби и очекувања од него, туку дека постои и друг човек со поразличен пристап. Секако дека родителите треба да бидат на иста страна кога станува збор за воспитувањето, но во однос на погледите кон светот нивните филозофии може многу да се разликуваат. Тоа е сосема нормално. Со помош на таткото, детето може да стане свесно за постоењето на различни гледишта поврзани со една иста појава, да научи да анализира и да формира сопствено гледиште на работите.
6. Да го збогатат нивниот живот со нови сензации
Сѐ почнува кога детето е сѐ уште бебе. Дури и 6-месечните бебиња можат да ја почувствуваат разликата помеѓу женскиот и машкиот начин на покажување љубов. За разлика од мајките кои ја покажуваат нежноста преку прегратки и бакнежи, татковците претпочитаат активни игри од помажествен карактер како што се фрлање во воздух и вртење. Мајките можеби не ги одобруваат секогаш ваквите игри, но детето на овој начин прима голем број визуелни, аудитивни и тактилни дразби кои му даваат нов поглед на просторот каде што се наоѓа.
7. Да ги научат на некои машки трикови
Постојат некои работи што мажите ги прават без проблем, додека, пак, за жените делуваат како магија. Тука спаѓаат палењето оган, ковањето шајки, поправањето автомобили… Дури и да живеете во градска средина, сигурно на вашето дете ќе му биде од корист доколку научи како да пали оган, барем за да направи скара ако ништо друго.
8. Да им помогнат да ги усовршат домашните обврски
Синовите треба да научат како сами да врзуваат вратоврска, да се бричат и да си ги пеглаат кошулите. И покрај тоа што одговорите на сите овие прашања можат да се најдат на Интернет, мора да признаете дека подобро би било доколку детето ги научи овие работи од неговиот татко. Само татковците можат да им докажат на синовите дека и мажите знаат да готват.
Врската помеѓу татковците и синовите е посебна. Не постои сомнеж дека сите овие нешта детето може да ги научи и од мајката, но веројатно ќе се согласите дека на секое момче му треба татковска фигура во животот за да стане примерен и успешен маж.
Во продолжение дознајте како татковците ги учеле нивните синови да ги почитуваат жените во минатото.