8 моќни причини да ги сакате вашите непријатели
Секој си има непријатели. Понекогаш непријателите настануваат поради разлики во карактерот и непријатни настани, а понекогаш луѓето ќе ве мразат без никаква причина. Без разлика како сте ги заработиле непријателите, наместо да им се одмаздувате и да ги мразите, зошто да не се обидете да ги цените?
1. Тоа е практична лекција за справување со гневот
Вашите непријатели се луѓето кои најмногу ќе ви помогнат да го разберете вашиот гнев. Иако е вистина дека непријателите можат да го извлечат најлошото од вас поради гневот што го чувствувате, тие можат да ви помогнат и да се справите со тој гнев. Не можете да бидете гневни на некој што го сакате. Справувањето со гневот е поефективно во пракса отколку во теорија. Вашите непријатели се како терапевти кои ви требаат, но не ги сакате. Тие ви даваат можност да го контролирате гневот кога ќе се појави.
2. Тоа е можност за здрава конкуренција
Можеби не знаете, но непријателите се најдобрите ривали бидејќи го будат натпреварувачот во вас. Ја добивате потребната мотивација за натпреварување, а ова може да води до победа. Но, важно е да внимавате да не станете полоша верзија од себе додека се натпреварувате. Немојте да ги повредувате вашите морали. Здравата конкуренција е сè што ви е потребно за да излезете од ситуацијата.
3. Негативните коментари можат да ви помогнат да напредувате
Вистина е дека непријателите баш и немаат многу добри работи да кажат за вас. Но, колку и да ве мразат, понекогаш има вистина во она што го зборуваат. Секогаш кога ќе слушнете лош коментар од некој непријател, размислете за себе. Дали она што го кажува е вистина? Ова сознание ќе ви помогне да станете подобар човек.
4. Непријателите можат да бидат моќни сојузници
Да ги сакате непријателите може да значи и да се обидете да комуницирате со нив, па дури да побарате и примирје. На крај ако најдете заеднички јазик, всушност сте пронашле нов пријател. Ова може да ви помогне во работата со луѓе на долгорочен план.
5. Имате можност да ја реализирате позитивноста
Дури и најмалиот зрак позитивност си го наоѓа патот кај заедничката негативност. Понекогаш фактот дека имате непријатели може да ви помогне да се фокусирате на многу нешта што се добри во вашиот живот. Често забораваме што е навистина важно во животот, а можеби причината е претераната грижа за непријателите. Исто така може да забавите и да ги цените и лошите нешта и луѓе во вашиот живот.
6. Можеби е само недоразбирање
Понекогаш причината за имањето непријател е нешто навистина едноставно. Можеби не ја знаете причината за непријателството, а вашиот непријател може да ви помогне да ја погледнете целата слика. Доволно е да му пристапите за да ја добиете потребна помош. Ова можеби ќе води до подобрување на односите помеѓу вас. Недоразбирањата се чести и потребно е да знаете како да се справите со нив.
7. Ќе научите да ја цените и љубовта
Постојаното потсетување на фактот дека имате непријатели ќе ви помогне повеќе да ги цените луѓето што ги сакате. Љубовта и омразата се спротивни емоции и можно е едната да ја надвладее другата. Можеби секогаш ќе имате непријатели, но секогаш ќе има и луѓе кои ве сакаат. Потребно е да ги цените. Не ѝ дозволувајте на омразата кон непријателите да го засени тоа.
8. Дали навистина ви е потребна омразата?
Вистината е дека непријателите предизвикуваат само токсични емоции и прават да се однесувате лошо. Ако навистина сакате исполнет живот, не можете да го носите целиот тој товар со вас. Омразата е лоша и потребно е да се обидете да ја отстраните. Добро познат факт е дека никој не може да стигне далеку со многу емоционален товар, а омразата е најголемиот емоционален товар што можете да го носите.
Погледнете и како да се опкружите со пријатели и помалку непријатели.