8 модни совети за девојките со бујно деколте

8 модни совети за девојките со бујно деколте

Големите гради се привилегија која не секој ја има, но често може да претставуваат и проблем при изборот на облека: може да го отворат деколтето без разлика што блузата е затворена, ништо не ве собира, или ви пукаат копчињата на јавно место. Ова се најдобрите совети за дамите со бујно деколте.

0-8-modni-soveti-za-devojkite-so-bujno-dekolte-kafepauza.mk

1. Правилото: Избирајте поправи фустани наместо струкирани бидејќи ќе ви го истакнат горниот дел од телото

Реалноста: Фустаните со А-линија, тесните или глок здолништата создаваат баланс помеѓу двете половини

Барајте фустани кои се тесни во пределот на градите и кои се направени од материјал кој не би можел лесно да се скине. Растегливите материјали се најприфатливи бидејќи им прилегаат одлично на сите форми на тело.

1-8-modni-soveti-za-devojkite-so-bujno-dekolte-kafepauza.mk

2. Правилото: Фустаните се подобар избор отколку комбинацијата од блуза и здолниште

Реалноста: Понекогаш поседувањето на поголем граден кош може да значи дека не носите ист број на облека за горниот и за долниот дел од вашето тело, што може да ви ја отежне потрагата по совршениот фустан

Наместо да потрошите скапоцено време барајќи го таквиот, создадете илузија на двобоен фустан со помош на здолниште и блуза.

2-8-modni-soveti-za-devojkite-so-bujno-dekolte-kafepauza.mk

3. Правилото: Никогаш не носете моторџиска јакна

Реалноста: Моторџиските јакни се одлични за поголемите гради особено кога е во прашање целокупниот изглед

Кога јакната ја носите откопчана таа прави вашите гради да изгледаат помали. Немојте да се грижите дали ќе можете да ја закопчате, бидејќи за да го направите тоа веројатно ќе ви треба поголем број и во тој случај нема да ви стои добро на грбот, во рацете и на рамењата. Исто така, пократките јакни ќе потпомогнат за целокупниот изглед бидејќи горната половина од телото ќе изгледа помала и попропорционална, особено ако височината не е вашата силна страна.

3-8-modni-soveti-za-devojkite-so-bujno-dekolte-kafepauza.mk

4. Правилото: Не смеете да носете широки блузи или хоризонтални риги, а уште помалку комбинација од двете

Реалноста: Најдете блуза која е доволно широка така што ќе виси надолу од градите без притоа да се дуе

Пократките маици исто ќе ви помогнат во делот со пропорциите и плус нема да изгледате како да сте облекле шатор.

4-8-modni-soveti-za-devojkite-so-bujno-dekolte-kafepauza.mk

5. Правилото: Избегнувајте широки фармерки бидејќи додаваат волумен и прават да изгледате многу пошироки отколку што сте

Реалноста: Широките пантолони го изедначуваат широкиот граден кош

Носете ги на колковите со широка плетена маичка од дебел материјал која слободно ќе паѓа врз вашите гради, пикната внатре, за да не изгледате вреќасто.

5-8-modni-soveti-za-devojkite-so-bujno-dekolte-kafepauza.mk

6. Правилото: Блејзерите ќе ви стојат чудно

Реалноста: Додека блејзерите и елеците со јаки не соодветствуваат на вашата фигура, оние без јака би ви стоеле прекрасно

Тие нема да зјаат и ќе бидат позатворени во делот на градите. Повторно, не се грижете за закопчувањето. Кога имате големи гради, предниот дел не ви е најдобар пријател, но затоа пак изгледате подобро кога елекот го носите незакопчан, а ваквиот изглед е и целосно соодветен за на работа.

6-8-modni-soveti-za-devojkite-so-bujno-dekolte-kafepauza.mk

7. Правилото: Широките маици со мал отвор секогаш ќе изгледаат премногу секси

Реалноста: Пробајте да ги носите со кратко здолниште во светла боја и високи потпетици за да привлечете внимание кон вашите нозе

Избегнете го шаторестиот изглед така што предниот дел ќе го потставите во здолништето.

7-8-modni-soveti-za-devojkite-so-bujno-dekolte-kafepauza.mk

8. Комбинезоните никогаш нема соодветно да ви стојат и во нив ќе изгледате широки во предниот дел

Реалноста: Кратките и долгите комбинезони се едни од најлесните парчиња за комбинирање за дамите со поширок граден кош

Со помош на кратка јакна ќе изгледате потенки, а широчината во долниот дел прави одличен баланс со горниот дел. Oткопчаната кратка јакна во контрастна боја прави да изгледате послабо, на ист начин како што темните парчиња на страничните делови од фустан го смалуваат струкот.

8-8-modni-soveti-za-devojkite-so-bujno-dekolte-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

  1. pero Reply

    Оваа на сликите нема бујно деколте туку е дебела.

Остави коментар