8 модерни и стилски начини да ја носите марамата оваа зима

8 модерни и стилски начини да ја носите марамата оваа зима

Марамите се многу повеќе од едно обично парче облека што служи за затоплување на вратот. Тие се модни додатоци што можете да ги носите врз облеката и ги има во многу материјали, бои, текстури или должини, така што секогаш имате голем избор. За да изгледате убаво и оваа сезона, обидете се да направите добри комбинации, а имате и многу опции. За таа цел погледнете ги и овие неколку идеи.

1. Префрлена преку едното рамо

8 сјајни начини да ја носите марамата оваа зима

Овој начин за носење на вашата марама е многу модерен. Но, свилените или волнени марами со реси не оставаат добар впечаток. За овој изглед најдобро е да изберете крзнени или марами кои се кратки и пополнети. Ако сте загрижени да не ви падне од вашето рамо, тогаш на истото ставете чанта која ќе ја задржува марамата или пак, тенок појас.

2. Половина завиткана околу вратот

8 сјајни начини да ја носите марамата оваа зима

Многу е лесно да го постигнете овој изглед, затоа што сѐ што треба е да го префрлите едниот крај од марамата преку вашето рамо. Ова многу одговара кога постојано сте во движење, затоа што марамата не се лизга толку лесно.

3. Како пончо

8 сјајни начини да ја носите марамата оваа зима

Волнената шамија можете да ја искористите во зимските денови како пончо, така што ќе ја завиткате околу вашите рамена. Ако ви стане премногу топло, лесно можете да ја отстраните.

4. Врзан јазол околу вратот

8 сјајни начини да ја носите марамата оваа зима

Иако свилените марами не можат многу да ве затоплат, тие одлично изгледаат како модни додатоци. Така, обидете се да врзете јазол со марамата на предниот дел од вратот, а притоа имајте предвид добро да ја комбинирате со вашата облека.

Погледнете уште четири интересни начини на наредната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар