8 митови за прва помош кои треба да ги заборавиме

8 митови за прва помош кои треба да ги заборавиме

Нашите родители, професори и Интернетот ни кажуваат за прва помош уште од најрана возраст. Помеѓу овие совети тешко е да одредите што е вистина, а што лага. Понекогаш погрешните информации може да чинат живот, па важно е да знаете како да им помогнете на другите и кои се работите што не смеете да ги правите. Погледнете некои од најчестите грешки при прва помош коишто никогаш не треба да ги направите.

1. Ставање масло на изгореница

8 митови за прва помош кои треба да ги заборавиме

Сигурно вашите баба или дедо ви го имаат кажано ова. Но лекарите го побија овој мит уште одамна. Маслото создава слој врз изгореницата и не ѝ дозволува да зарасне. За да го забрзате процесот на лекување, ставете ја изгореницата под студена вода околу 15-20 минути и оставете ја раната да се исуши. Можете да ставате посебни лекови, но потребно е да почекате еден ден.

2. Важно е правилно да направите преврска, а не како било

8 митови за прва помош кои треба да ги заборавиме

Постои поголем процент на смртност од лоша преврска отколку од губење крв. Најчестата грешка е поставувањето на преврската директно на кожата. Ова може да ја оштети кожата. Втората грешка е оставање на преврската предолго. Барем еднаш на секој час, или уште подобро, на секои 20-тина минути потребно е да ја разлабавите за да ѝ дозволите на крвта да тече низ екстремитетот. Ако не го направите ова, можно е да дојде до ампутација.

3. Преместување на личност во сообраќајна несреќа

8 митови за прва помош кои треба да ги заборавиме

Никогаш не треба да го правите ова бидејќи можно е личноста да има повреда на ‘рбетниот столб. Секое движење може да води до инвалидитет, па дури и смрт. Во ваква ситуација викнете брза помош и ставете нешто околу личноста за другите возачи да ја видат пречката оддалеку.

4. За да ставите шина потребно е да го исправите екстремитетот и да го заврзете за стап

8 митови за прва помош кои треба да ги заборавиме

Никогаш не треба да ги исправувате скршените екстремитети. Потребно е да ги имобилизирате најблиските зглобови. Потоа ставете ја шината на тој начин што повредена личност не мора да го исправува екстремитетот.

5. Лековите во кутијата за прва помош не можат да ја влошат ситуацијата

8 митови за прва помош кои треба да ги заборавиме

Ако личноста е без свест, не смеете да ѝ давате лекови, дури и ако тоа е нешто што редовно го зема. Секоја личност е различна и може да биде алергична и на најслабите лекови. Почекајте да стигне медицинско лице и тоа ќе знае што треба да прави.

6. Алкохолот може да се користи како анестетик

8 митови за прва помош кои треба да ги заборавиме

Користењето алкохол како анестезија е распространет мит. Алкохолот може само да го забрза крвавењето. Алкохолот што хирурзите го користеле во 18-тиот и 19-тиот век бил причина за многу смртни случаи. Покрај тоа, жестоките пијалаци може да го затрујат ослабеното тело и да го намалат ефектот на медицинската анестезија.

7. Ако некој изгуби свест потребно е да го разбудите што е можно побрзо

8 митови за прва помош кои треба да ги заборавиме

Ова е многу погрешно. Губењето свест е одбранбен механизам на телото и еден вид одмор. Обично трае 1 до 5 минути. Ако истурите вода врз лицето на личноста или ја удирате, можете да ја влошите ситуацијата и да предизвикате кома. Кога некој ќе изгуби свест потребно е да му ги кренете нозете и да почекате околу 5 минути. Ако личноста не се разбуди, викнете брза помош и завртете ја личноста на страна за да не си го голтне јазикот.

8. Потребно е да помогнете без разлика на сè

8 митови за прва помош кои треба да ги заборавиме

Без разлика колку тажно звучи, не треба секогаш да помагате. Прво е потребно да се осигурите дека вие не сте во опасност. Ако сте во опасност, потребно е да ја направите ситуацијата безбедна. Ако не можете да го направите тоа, тргнете се од опасната зона и повикајте професионалци.

Како да „зашиете“ рана?

Ако раната е длабока и има потреба од шиење, а најблискиот доктор е далеку, можете да импровизирате. Потребно е да исечете ханзапласт во тенки линии и да ги свиткате на средината. Потоа притиснете ја раната со прстите и поставете го ханзапластот како конци. Се разбира, потребно е веднаш да одите на лекар, но на овој начин ќе го намалите крвавењето и шансата за појава на лузни.

Погледнете ги и овие митови за прва помош што можат сериозно да ви го нарушат здравјето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар