8 мали нешта поради кои луѓето несвесно ве осудуваат

8 мали нешта поради кои луѓето несвесно ве осудуваат

Човечкиот мозок е природно програмиран да им суди на другите. Тоа на некој начин е и механизам за преживување, поради кој тешко запознаваме некого без да го интерпретираме неговото однесување. Најчесто, судовите ги носиме врз основа на она што е очигледно, без да се обидеме да дознаеме нешто повеќе за конкретната личност.

8 мали нешта поради кои луѓето ви судат

Првичните судови ги поставуваме уште при ракување и при перципирање на говорот на телото. Често, имаме целосно мислење за некого, базирано само врз лесно воочливите однесувања. Всушност, кога формираме мислење, често повеќе влијаат некои ситни детали поради кои носиме заклучок и не ја гледаме поголемата слика.

За волја на вистината, нашето потсвесно однесување си има свој јазик и код и колку и да се трудиме да го контролираме тоа преку свесниот дел од нас, токму тие ситници издаваат какви луѓе сме. Проверете дали поседувате некои од овие ситни карактеристики или дали можеби препознавате некои од нив кај личности што ги познавате. Токму врз нивната основа, луѓето носат судови за вас (и вие за нив, исто така):

8 мали нешта поради кои луѓето ви судат

1. Како се однесувате кон персоналот во фирми и угостителски локали

Една од индициите каква личност сте кај потенцијалните работодавци е како сте се однесувале со нивните вработени кои треба да ве упатат до просторијата за интервју. Слично, кога сте на службени ручеци, многумина следат како се однесувате кон персоналот во локалот. Без разлика како сте се покажале на интервјуто или пред колегите и клиентите, вашиот однос кон персоналот остава поголем впечаток кај нив.

2. Колку често го проверувате телефонот

Не постои ништо понепрофесионално од „типкање“ на мобилниот телефон за време на разговор. Освен ако е личност која предобро ја познавате и која ве познава вас подеднакво добро, во другите случаи оставате впечаток дека сте незаинтересирани, невнимателни, немате почит и не знаете да слушате. Разговорите секогаш треба да се одвиваат очи во очи.

3. Вашите „нервни“ навики

Гледање во нокти, чешкање на главата, тресење на ногата и слични мимики и тикови оддаваат впечаток дека сте нервозна личност која нема контрола врз своето однесување. Бидете внимателни, бидејќи може за вас да помислат дека ваквите навики значат дека сте перфекционист кој лесно се фрустрира и на кој му е здодевно.

4. Колку долго ви треба да поставите прашање

Во текот на разговорот, треба да оставите доволно простор да се искаже и соговорникот, но и да поставите прашања за да има динамика во комуникацијата, без да се фокусирате исклучиво на себе. Балансирајте со количината на информации кои ги споделувате и со прашањата кон соговорникот. Тоа е основата на добриот и квалитетен разговор.

8 мали нешта поради кои луѓето ви судат

5. Начинот на ракување

Слабото млитаво ракување прави да изгледате како личност со ниска самодоверба. Иако ракувањето воопшто не е цврста основа врз која треба да се формира мислење за некого, во природата на луѓето е да судат токму поради тоа.

6. Одговорност и почит

Доцнењето, одложувањето на обврските и непочитувањето кон другите се карактеристики со кои не смеете да се гордеете. Тие често се појавуваат кај личности кои применуваат мултитаскинг техники во извршување на задачите или пак, кои се претерано опуштени во однос на животот. Исто како и ракувањето, доцнењето и неодговорноста не даваат целосна слика за тоа каква е една личност, но лесно можат да доведат до негативен суд.

7. Ракописот

Иако веќе е познато дека вашиот ракопис нема никаква врска со тоа каква личност сте, многумина, токму според начинот на пишување, ќе се обидат да проценат дали сте нервозна, срамежлива, интровертна или екстровертна личност. Затоа, ако треба да напишете важно писмо, најдобро е да го направите тоа на компјутер и да го испечатите или пак да го испратите преку имејл.

8. Контакт со очите

Во тек на разговорот, препорачливо е да одржувате контакт со очите со соговорникот, но и да не претерувате, за да не оставите впечаток на агресивна и морничава личност. Како и да е, многу е веројатно дека нема да ја „погодите“ дозата, но држете се до тоа 60% од времето во текот на разговорот да одржувате контакт со очите, а во остатокот да гестикулирате без да го гледате соговорникот.

Прочитајте и колку е самокритичен секој хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар