8 лоши љубовни совети кои може да ја уништат и најголемата љубов

8 лоши љубовни совети кои може да ја уништат и најголемата љубов

Постојат различни совети. Семејството и пријателите се нашата најголема поддршка и најчесто имаат најдобри намери, но советите од некои луѓе со скриени намери може да ни ја расипат врската од чиста љубомора или пакост. Сепак, понекогаш дури и најискрените зборови може да имаат лошо влијание врз нашата врска. За да не бидете во дилема кого да послушате, а кого не, психолозите издвоиле совети кои би требало да ги избегнувате по секоја цена доколку сакате вашата врска да биде здрава и трајна.

4-8-loshi-ljubovni-soveti-koi-mozhe-da-ja-unishtat-i-najgolemata-ljubov-www.kafepauza.mk_

1. „Би требало да пронајдеш некоја подобра прилика!“

Ако сте со некого во врска само од одредена лична корист, можеби сте на погрешен пат. Користа, како што психолозите тврдат, никогаш не може да биде добра причина да започнете или да ја прекинете врската. Доколку се водите само од неа, можете да уништите навистина среќен брак или да започнете живот кој нема да ви донесе ниту малку среќа и радост.

2. „Покажи му/ѝ кој е шеф. Не дозволувај никој да те влече за нос!“

Пред сѐ, партнерите имаат различни полиња на одговорност во врската и сосема е нормално одвреме-навреме да ја предадете водечката улога во врската. Само заемното разбирање и почитување води до успешен брак и го прави постабилен и поцврст.

3. „Мора да биде многу романтичен/а!“

Психолозите тврдат дека постои одреден романтичен период во секоја врска кој обично минува после некое време. Партнерите не може да го живеат целиот живот како да се во некоја романтична комедија, одлепувајќи од среќа секој пат кога ќе се видат. Од таа причина не може да барате од партнерот да останете во фазата на меден месец засекогаш. Секоја врска има различни фази на развивање и секоја од овие фази си има свои предности.

2-8-loshi-ljubovni-soveti-koi-mozhe-da-ja-unishtat-i-najgolemata-ljubov-www.kafepauza.mk_

4. „Само молчи. Немој да ги влошуваш работите!“

Скоро е невозможно да ги избегнете караниците во врската. Меѓутоа, најдобро е да ги решите конфликтите веднаш штом дојде до нив. Не треба да ги потиснувате вашите чувства и да чекате еден ден да експлодирате, бидејќи тоа може да доведе до непоправлива штета. Не играјте на картата жртва. Наместо тоа, разговарајте за вашите чувства со партнерот.

5. „Проверувај му/ѝ ги пораките и повиците. Имаш право на тоа!“

Таквиот вид мешање во личниот живот на партнерот како што се постојаните повици, читањето на пораките и следењето на локациите, се смета за прв чекор кон насилничкото однесување во семејството. Насилството не е само физичко, туку и емоционално. Не слушајте ги ваквите видови на совети и не правете го партнерот жртва на вашата љубомора.

3-8-loshi-ljubovni-soveti-koi-mozhe-da-ja-unishtat-i-najgolemata-ljubov-www.kafepauza.mk_

6. „Потсетувајте го дека она што го заработува не е доволно!“

Овој совет е одличен начин за малото недоразбирање да го претворите во огромна караница. И самите знаете дека, доколку сакате, можете да пронајдете многу заеднички замерки за да ја направите ситуацијата уште полоша. Психолозите советуваат дека ваквите прашања никако не смеете редовно да ги споменувате и секако, обидете се да ги избегнувате и текот на другите големи расправии.

7. „Гледај ме и учи!“

Учењето некого со сопствен пример е исправно кога се во прашање децата, а не љубовните партнери. Вие не сте дете и не треба да имитирате нечие туѓо однесување. Ако имате потешкотии во бракот, обидете се да не гледате од друго семејство и да не го копирате нивниот начин на живот. Сепак, ова не значи дека не треба да се обидете да ги избегнете грешките кои другите ги прават.

8. Бонус совет: Вие најдобро ја познавате ситуацијата однатре и однадвор

Имајќи го ова на ум, тогаш зошто постојано ги слушаме туѓите зборови кои не ни носат никакво добро? Можеби затоа што веруваме дека луѓето однадвор ги гледаат работите многу подобро и ни даваат порационален совет. Меѓутоа, ова е многу несигурен пат, бидејќи секоја врска е сложена и преполна со детали кои не ги знае никој друг освен вие двајца. Затоа треба да го слушате сопствениот разум и да го следите сопственото срце.

Погледнете кои љубовни совети можете да ги научите од вашата мајка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар