8 лесни јога вежби за истегнување на целото тело

8 лесни јога вежби за истегнување на целото тело

Овие вежби се добредојдени за оние кои сакаат да го истегнат телото, пред сè грбот, кичмата и нозете, бидејќи тие се најоптоварени делови од телото при секојдневните активности.

1. Истегнување на тетивата

Спуштете се на колена, седнете на стапалата, а потоа испружете се напред и легнете така што со челото ќе го допирате подот. Рацете испружете ги покрај телото, а дланките свртете ги нагоре. Дишете длабоко и опуштајте се. Потоа подигнете се, легнете на грб и испружете ги нозете. Едната нога подигнете ја така што ќе ја придржувате со лента како на сликата подолу и истегнете ја. И двете стапала треба цело време да ви бидат под прав агол. Повторете ја истата постапка и со другата нога.

1-8-lesni-joga-vezhbi-za-istegnuvanje-na-celoto-telo-kafepauza.mk

2. Положба на мачка

Клекнете на колена и потпрете се на рацете така што колената ќе ви бидат во ширина на колковите, а рацете во ширина на рамената. Истегнете го грбот колку што можете повеќе, вовлечете ги стомачните мускули навнатре. Кога со брадата ќе ги допрете градите, почнете да издишувате. Повторете ја вежбата пет до десет пати, а потоа вратете се во положба на фетус.

2-8-lesni-joga-vezhbi-za-istegnuvanje-na-celoto-telo-kafepauza.mk

3. Положба на сфинга

Лежете на стомак со споени испружени нозе и потпрете се на лактите, исто како на сликата. Лактите треба да ви се во ширина на рамената. Лесно притискајте го подот со горниот дел на стапалата, а со колковите притискајте напред. Не се одлепувајте од подот, затоа што на тој начин нема да ја истегнете кичмата.

3-8-lesni-joga-vezhbi-za-istegnuvanje-na-celoto-telo-kafepauza.mk

4. Истегнување на кичмата

Легнете на подот на стомак со споени нозе и рацете покрај телото свртени нагоре. Подигнете ја главата, гледајте право и полека подигнувајте го горниот дел на телото и нозете колку што можете. Гледајте рацете да ви останат покрај телото, а нозете да останат споени цело време. Вдишете додека се подигнувате, задржете се така неколку секунди, а потоа издишувајќи вратете се во првичната положба.

4-8-lesni-joga-vezhbi-za-istegnuvanje-na-celoto-telo-kafepauza.mk

5. Положба на кромид

Поставете се во положба како на претходната вежба, вдишувајќи подигнете ги нозете и рацете за потоа со рацете да ги фатите нозете како на сликата. Ќе почувствувате како кичмата се истегнува. Немојте да правите нагли движења при оваа вежба, за да не се повредите.

5-8-lesni-joga-vezhbi-za-istegnuvanje-na-celoto-telo-kafepauza.mk

6. Опуштање на крилата

Раширете ги стапалата на околу еден метар оддалеченост. Десното поставете го под агол од 90 степени, а левото нека остане на истото место. Вдишете лесно и левата рака испружете ја над главата така што дланката ќе биде свртена навнатре. Дишете и свртете го погледот кон дланката. Повторете го истото и со другата страна од телото.

6-8-lesni-joga-vezhbi-za-istegnuvanje-na-celoto-telo-kafepauza.mk

7. Положба на гулаб

Седнете на колена така што грбот ќе ви биде исправен. Левата нога испружете ја наназад истовремено отворајќи ја десната нога, по што треба да седнете во положба како на сликата. Ќе почувствувате затегнување на тетивите на нозете. Рацете цело време нека бидат на подот и исправени, додека колковите малку ќе ги туркате кон подот. Дишете така неколку секунди, а потоа променете ја ногата.

7-8-lesni-joga-vezhbi-za-istegnuvanje-na-celoto-telo-kafepauza.mk

8. Со нозете на ѕидот

Легнете на подот покрај некој ѕид, испружете ги нозете нагоре и потпрете ги на ѕидот под агол од 90 степени. Дишете без да го одвојувате грбот од подот.

8-8-lesni-joga-vezhbi-za-istegnuvanje-na-celoto-telo-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар