8 лекции што алфа жените треба да ги научат за да воспостават рамнотежа меѓу работата и приватниот живот
Алфа жените се максимално посветени на работата и успехот и токму затоа другите области од нивниот живот понекогаш страдаат. Дали и вие се пронаоѓате во овој опис? Супер е тоа што сакате да бидете најдобри што можете и да се искачите на врвот од вашата кариера, но ако дозволите работата да го диктира целиот ваш живот, постои голема веројатност дека ќе се соочите со повеќе разочарувања отколку унапредувања.
Токму затоа, многу е важно да се воспостави рамнотежа, што не е така лесно како што изгледа. Но, ако успеете да направите баланс меѓу работата и приватниот живот, тоа не е само најдоброто нешто што можете да го направите за себе, туку и за сите луѓе во вашиот живот кои безусловно и безрезервно ве сакаат и поддржуваат. Доколку сметате дека не сте подеднакво успешни во сите области од вашиот живот, ова се нештата што треба да ги знаете за да ја воспоставите потребната рамнотежа…
1. Не мора сѐ да биде постојано совршено
Убаво е кога сѐ ви оди по планот, но тоа лесно може да премине во монотонија. Животот е многу повозбудлив кога ќе излезете од удобната зона и ќе бидете отворени за нови искуства и предизвици.
2. Живејте со полни гради и направете неколку грешки
Сите грешиме понекогаш и тоа е сосема нормално. Од грешките се учи и затоа не треба да се плашите да бидете спонтани и да преземате ризици.
3. Работата никогаш нема да ве згрее навечер
Нема да успеете да најдете партнер, ако 24/7 мислите само на работата. Ниту еден маж нема да се осмели да ви пријде, доколку забележи дека никогаш нема да имате време за него.
4. Многу е важно да одвоите време за семејството и пријателите
Ако не го направите тоа, вашите сакани ќе почнат да се оддалечуваат од вас и на крајот ќе завршите сами. Тоа не звучи многу забавно, се согласувате?
5. Добрата рамнотежа ќе ви помогне да си го зачувате психичкото здравје
Ако не одвоите време за дружење, забава и хобија надвор од работата, со текот на времето ќе почнете да ја мразите вашата професија. Ќе станете нервозни и напнати, а секојдневниот стрес нема да ви помогне да си го зачувате здравјето.
6. Ако не застанете да ги помирисате розите, животот ќе ви помине залудно
Животниот воз брзо поминува и не застанува за никого. Не заборавајте да уживате во малите нешта и бидете присутни во моментот. Обрнете внимание на убавините околу вас кои ги има во изобилство, само треба да ги забележите.
7. Мора да одморите од работата одвреме-навреме
Кога ќе ви стане премногу напорно и стресно поради тоа што сте го поминале целиот ден во канцеларија, излезете на кафе или ручек со колегите. Не го игнорирајте уморот и научете да правите паузи за да земете здив.
8. Организирајте си го денот
Мора да си ги одредите работните приоритети, особено ако планирате да правите нешто после работа. Добро организирајте си ги обврските и слободното време и на тој начин нема да се грижите кога ќе излезете од канцеларија.
Животот е премногу краток за да не ги искористите сите можности што ви ги нуди. Секој ден одвојувајте по малку време за да ги правите работите што ви причинуваат задоволство и на тој начин ќе можете да го пронајдете вистинскиот баланс меѓу работата и приватниот живот.
Доколку не сте сигурни дали и вие сте една од овие дами, прочитајте ги следниве 10 знаци дека сте алфа жена.