8 лекции кои можете да ги добиете од потенцијалната љубовна врска
Понекогаш сè што ви треба е партнер со кој можете да се забавувате и да се поврзете без никаква обврска што може да произлезе од официјалната врска. Обичната врска е одличен начин да ги пронајдете задоволствата во животот, но и да се спознаете подобро себеси како личност. Но, што се случува кога ќе почнете да развивате чувства кон потенцијалниот партнер? Сепак, од секоја потенцијална врска можете да добиете по некоја вредна лекција.
1. Само затоа што некој постојано ве брка не значи дека бара нешто сериозно.
Тоа е едноставна теорија, но најчесто точна. Ако некој сака да биде со вас, тој/таа ќе биде директен/а и ќе ви каже дека е подготвен/а да се посвети. Сепак, не заборавајте дека некои луѓе се неодлучни и дејствуваат без многу размислување. Нема подлабоко значење за нивните постапки освен фактот дека тие се заинтригирани или донекаде се интересираат за вас.
2. Ако на некој му се допаѓате доволно, тој/таа или ќе го каже тоа или ќе го покаже.
Зборовите не значат ништо, но постапките зборуваат многу. Ако сè што сте добиле од некого се само зборови во врска со тоа што му значите, тој точно ви покажал кој е тој без разлика што ви рекол.
3. Тајмингот е важен, но не е неопходен.
Понекогаш се случува да сретнете некого со кој сте компатибилни, па така и двајцата сакате тоа да функционира, но што и да правите или колку напорно да се трудите, исходот не е онаков каков што сте очекувале. Тајмингот е важен за тоа како се одвива една врска, но не е причина да ја прекинете ако сè оди добро и двајцата сте заинтересирани еден за друг. Ако и двајцата навистина сакате да го остварите тоа, секогаш постои начин тоа да функционира. Во спротивно, тајмингот е само уште едно оправдување партнерот да не сака да стапи во сериозна врска со вас.
4. Да се биде искрен на почетокот може да ве спаси од повреда.
И покрај тоа што личноста била отсекогаш отворена за нејзините чувства и цели во врската, поставувањето прашања е една од најдобрите работи што можете да ги направите за да не се повредите. Ако личноста не може да се справи со едноставен разговор и директно да комуницира со вас, тоа доволно зборува за нејзината емоционална нестабилност и недостаток на зрелост.
5. Не дозволувајте вашите емоции да ве заслепат.
Понекогаш одбивате да се откажете од врската затоа што се плашите да останете сами. Толку сте навикнати на партнерот што помислата да ставите крај ви предизвикува болка во градите. Меѓутоа, не дозволувајте вашите емоции да ве заслепат и да не сфатите дека некој не се однесува со вас како што треба. Освен тоа, не барајте изговори за да го оправдате однесувањето на партнерот, кога знаете дека заслужувате подобро.
6. Не можете да натерате некого да биде со вас, само поради љубовта што вие ја чувствувате.
Дури и ако сте најгрижливата личност на планетата, не можете да натерате некој што не ве сака да биде во врска со вас.
Имајте на ум дека без разлика колку сте одлични или колку и да се трудите, никогаш нема да можете да го промените неговото/нејзиното мислење.
7. Понекогаш ви се допаѓа предизвикот, а не личноста.
Понекогаш идејата да придобиете некој кој ви е емотивно недостапен ве држи заглавени во врската, а понекогаш вашето его ви кажува дека треба да го добиете она што го сакате.
8. Ако сакате врска, ќе мора да се залагате за она што го сакате.
Ако имате одредени очекувања или сакате повеќе од врската, морате тоа да го побарате од партнерот наместо да го прифатите само она што тој може да ви го пружи. Ако негувате лажна надеж дека вие двајца ќе бидете нешто што не сте, тоа ќе ве натера подоцна да му замерите за нешто што тој никогаш не ви го ветил. Поставете граници и одбијте да се задоволите со нешто што во вашето срце знаете дека не е соодветно за вас. И ако и двајцата не ги сакате истите работи, подобро е да се откажете пред да биде предоцна.
Откако прочитавте за лекциите на потенцијалната љубовна врска, можеби ќе сакате да прочитате и како да ја подобрите вашата љубовна врска.
Извор: themindsjournal.com