8 совети како да ги носите хеланките надвор од салата за вежбање

8 генијални модни совети како да ги носите хеланките надвор од салата за вежбање

Да кажете дека не можете да носите хеланки кога излегувате во град или на кафе со пријателите е исто како да кажете дека не можете да носите свечена облека кога одите на опера. Ако можете да вежбате во нешто и во тоа ви е удобно, тогаш сигурно можете да ги завршите дневните обврски или да се забавувате навечер, носејќи го истото парче облека. Пред неколку сезони, хеланките се сметаа за моден грев, но со промоцијата на физичкото здравје и активност, тие полека но сигурно се издигнаа како тренд. Во продолжение погледнете како да ги носите хеланките дури и кога сте надвор од салата за вежбање.

1. Изберете хеланки кои не се изработени од некој сјаен материјал

8 генијални модни совети како да ги носите хеланките надвор од салата за вежбање

Кога станува збор за носењето хеланки, мат текстилните материјали изгледаат многу пософистицирано од сјајните, но исто така можат и полесно да се комбинираат.

2. Хеланките не мора да бидат само спортска опрема

8 генијални модни совети како да ги носите хеланките надвор од салата за вежбање

Само затоа што хеланките се спортска облека, не значи дека мора да ги носите исклучиво за таа намена. Хеланките можат да бидат доста модерни, особено ако имаат некоја пастелна нијанса.

3. Внимавајте на изборот на чевлите

8 генијални модни совети како да ги носите хеланките надвор од салата за вежбање

Кога носите хеланки како пантолони, тогаш практикувајте балетанки, патики или чевли со дебела потпетица. Многу често високите потпетици прават хеланките да изгледаат евтино и невкусно. Зошто би носеле едни од најудобните парчиња облека со едни од најнеудобните видови чевли?

4. Координирајте ја бојата на вашата јакна со хеланките

8 генијални модни совети како да ги носите хеланките надвор од салата за вежбање

Кога складно ја комбинирате јакната со хеланките, тогаш двете парчиња заедно изгледаат како да се делови од една целина, односно од еден комплет.

5. Носете ги хеланките под смели модни парчиња

8 генијални модни совети како да ги носите хеланките надвор од салата за вежбање

Како на пример фустаните кои се пократки и провидни и кои ги чувате само за вечерни пригоди и излегувања.

6. Немојте да носите тесна облека од глава до петици

8 генијални модни совети како да ги носите хеланките надвор од салата за вежбање

Додадете волумен и движење на вашите хеланки со некои пошироки блузи или разиграни детали.

7. Изберете долги хеланки преку кратки хеланки

8 генијални модни совети како да ги носите хеланките надвор од салата за вежбање

Хеланките кои се долги до вашите глуждови многу повеќе наликуваат на пантолони отколку кратките. Ова ги прави малку поформални и поразновидни.

8. Покријте ги ластикот и манжетните

8 генијални модни совети како да ги носите хеланките надвор од салата за вежбање

Денес, пантолоните и фармерките можат да бидат доста тесни и лесно е да го скриете фактот дека носите хеланки. Со тоа што ќе го покриете ластикот на половината со подолги блузи и ќе ги сокриете манжетните во чизми до глуждови или едноставно ќе ги завиткате, вие им го намалувате спортскиот и атлетскиот изглед на хеланките и правите да наликуваат на тесни пантолони.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар