8 фрази кои никако не смеете да ѝ ги кажете на вашата бремена сопруга

8 фрази кои никако не смеете да ѝ ги кажете на вашата бремена сопруга

Ако имате деца, тогаш сигурно ви е позната неизмерната радост и интензивната болка која доаѓа со бременоста. Знаете како е да ви се пријаде нешто сред ноќта и знаете како е кога не можете да спиете бидејќи не ви е удобно.

8-frazi-koi-nikako-ne-smeete-da-i-gi-kazhete-na-vashata-bremena-sopruga-kafepauza.mk

Со сета болка и страдање, знаете дека вреди бидејќи на свет ќе донесете ново живо суштество. Но сепак, бременоста не е лесна. А сопрузите кои се преправаат дека го разбираат тоа и кажуваат одредени нешта, сигурно не ја олеснуваат ситуацијата. Сигурни сме дека вашата намера е најдобра, но сопрузи, немојте никогаш да ѝ ги кажувате следниве 8 фрази на вашата бремена сопруга.

1. „Знам како се чувствуваш“

Можеби мислите дека оваа изјава ќе ја утеши сопругата, но навистина не знаете како се чувствува таа. Не ја знаете емоционалната и физичката болка која ја чувствува, па не преправајте се дека ја разбирате. Наместо тоа, кажете ѝ: „Жал ми е што се чувствуваш така“ или прашајте ја: „Можам ли да направам нешто за тебе?“

2. „Зарем не јадеше пред еден час?“

Да, можеби јадела пред еден час. Но сега повторно е гладна. А ако не јаде кога е гладна, веројатно ќе се чувствува многу лошо. Немојте да го судите режимот на исхрана на бремената сопруга, сепак таа се обидува да „создаде“ нов човек.

3. „Зошто плачеш повторно?“

Хормоните се однесуваат навистина чудно во текот на бременоста. Сосема нормално е вашата сопруга да има променливо расположение. Вистината е дека и неа не ѝ се допаѓа постојаното плачење. Па кога ќе се случи тоа, само дајте ѝ до знаење дека сте овде за неа. Немојте да се расправате за нејзините чувства.

4. „Смири се“

Ова оди заедно со прашањето за плачењето. Бременоста може да биде навистина стресна. Жената постојано мисли на сè, од здравјето на бебето, до средувањето на неговата соба. Ако вашата сакана почне да паничи, подобро е да ја прашате како можете да ѝ помогнете.

5. „Спиев одлично минатата вечер“

Кога вашата сопруга е во поодмината бременост, навистина ѝ е неудобно, па спиењето е речиси невозможно. Дури и ако сте спиеле најубаво досега, поштедете ја и немојте да ѝ кажувате.

6. „Мислам дека сите наши деца треба да бидат 1 година разлика“

Вашата сопруга сигурно едвај чека да се породи и не ни размислува за уште една бременост. Дозволете ѝ да го роди бебето, да си го врати телото во форма и уживајте со новороденчето пред да предложите уште деца.

7. „Колку време мислиш дека ќе ти треба за да ја изгубиш тежината од бременоста?“

Ваша сопруга веќе е свесна за промените кои настануваат со нејзиното тело. Таа сигурно не сака да размислува за тежината од бременоста која ќе треба да ја намали. Бидете трпеливи и дајте ѝ време.

8. „Ги поканив моите родители на породувањето“

Под никој услов не треба да поканувате некој на породувањето без дозвола од вашата сопруга. Таа разбира дека ова дете е и ваше, но породувањето е интимно и ранливо искуство. Освен ако таа самата не ви каже, имајте на ум дека не сака публика.

Бременоста е чувствителен период во животот на вашата сопруга. Обидете се да ги разберете нејзините чувства, помагајте ѝ колку можете и направете ја среќна. Таа ќе ви биде навистина благодарна за вашиот напор и поддршка.

Погледнете и неколку промени по бременоста кои ги шокираат жените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар