8 ефективни начини за ослободување од конјунктивитис - Part 2

8 ефективни начини за ослободување од конјунктивитис

5. Гел од алое вера

8 ефективни начини за ослободување од конјунктивитис

Гелот од алое вера е одличен против очните инфекции. За да се справите со непријатните симптоми, нанесете малку од гелот на очниот капак и под окото. Добро измијте ги рацете пред да го нанесете гелот. Можете да користите и памук за отстранување шминка или газа. Ако е инфицирано само едното око, немојте да го употребувате истиот памук за двете очи.

6. Босилек

8 ефективни начини за ослободување од конјунктивитис

Босилекот има добро влијание на здравјето на очите. Може да ги заштити очите од бактерии и слободни радикали и спречува многу проблеми со очите. За да го подготвите лекот, следете ги следниве чекори:

  • Зовријте вода.
  • Потопете ги листовите босилек во водата и оставете ги 10 минути.
  • Отстранете ги листовите и измијте ги очите со водата.

Можете да натопите крпа во водата и да ја користите како облога. Правете го ова секој ден и за брзо ќе се ослободите од симптомите.

7. Ладни и топли облоги

8 ефективни начини за ослободување од конјунктивитис

Симптомите можете да ги намалите и со правилна употреба на ладни и топли облоги. За да ја намалите болката, употребете топла облога. Секој пат користете нова крпа за да го пречите проширувањето на инфекцијата.

8. Масло од ним

8 ефективни начини за ослободување од конјунктивитис

Есенцијалните масла, како маслото од ним можат да ги ублажат симптомите. Кога конјунктивитисот е предизвикан од вирус или инфекција, постојат некои природни состојки кои ќе ве ослободат од чешањето и црвенилото. Маслото од ним има антимикробни и антивоспалителни својства. За најдобар ефект, комбинирајте го со масло од чајно дрво. Нанесете 1 или 2 капки од маслото околу инфицираното око, најдобро пред спиење. Внимавајте да не го нанесете премногу блиску до окото. Нежно масирајте и оставете да делува 15-20 минути, или во текот на целата вечер.

Како да го пречите проширувањето на инфекцијата?

8 ефективни начини за ослободување од конјунктивитис

Постојат неколку мерки кои ќе ви помогнат да го спречите проширувањето на инфекцијата од еден на друг.

  • Мијте ги рацете пред да ги допирате очите.
  • Избегнувајте ги контактните леќи некој период.
  • Не ги позајмувајте шминките и четките на никого.
  • Редовно перете ги крпите, навлаките и облеката што доаѓа во контакт со вашите очи.
  • Не користете заедничка крпа за чистење на лицето.

Иако постојат многу домашни лекови, секогаш треба да побарате професионална помош. Дури тогаш можете да употребувате и некој домашен лек во консултација со докторот. Никогаш немојте сами да ги третирате инфекциите на децата и бебињата за да не им го оштетите видот.

Дознајте и што ви кажуваат вашите очи за здравјето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар