8 едноставни вежби за здрави очи
Правите вежби за вашите раце, нозе, стомачни мускули, па и за вашиот задник, но, дали некогаш сте помислиле да правите вежби за вашите очи? Секој лекар би ви кажал дека правењето вежби за очите е одличен начин за да го подобрите нивното здравје. Некои од тие вежби ќе ви помогнат да го подобрите видот, други ќе им помогнат на луѓето со уморни очи, замаглен вид и слично. Погледнете неколку едноставни вежби коишто можете да ги правите додека сте сместени удобно во вашиот дом или пак, кога сте на работа.
1. Затворете ги очите
За оваа вежба користете ги вашите прсти. Постапката е следнава:
- Затворете ги очите
- Поставете ги прстите врз очите
- Притиснете нежно во време од две секунди
- Повторете го ова од пет до десет пати
- Откако ќе завршите со вежбата дозволете им на вашите очи повторно да се навикнат на светлината
2. Вртете ги очите
Вртењето на очите е нешто што повеќето го прават кога се изнервирани, но ако го правите тоа правилно, можете да го подобрите вашиот вид.
- Вртете ги очите во круг налево
- Повторете го ова од пет до десет пати
- Вртете ги очите во круг надесно
- Повторете го ова од пет до десет пати
3. Погледнете настрана
Постојано се вртите налево или надесно, но сигурно повеќето пати ја вртите главата наместо само очите. Но, треба да знаете дека вртењето на очите на една страна може да биде одлична вежба за нив. Поточно, правете го следново:
- Седнете или застанете во удобна положба
- Погледнете на десно и држете го погледот од пет до десет секунди
- Погледнете на лево и држете го погледот од пет до десет секунди
- Погледнете во центарот една до две секунди
- Повторете ја вежбата десет пати
4. Обидете се да гледате искривено
Иако оваа вежба може да биде малку болна и прави на другите да им изгледате смешно, всушност со неа вие го подобрувате вашиот вид! Еве што да правите:
- Изберете тенок предмет (на пример пенкало) на којшто ќе се фокусирате
- Држете го пред вас со испружена рака
- Доближувајте го полека до вашиот нос додека ги насочувате двете очи кон пенкалото
- Откако ќе го доближите до носот, полека оддалечувајте го
- Повторете го ова од пет до десет пати
5. Имитирајте израз на изненаденост
Изразот на изненаденост, односно широко отворените очи може да биде одличен кога е во прашање нивното здравје. Постапката за тоа е следнава:
- Замижете со очите како да се обидувате да видите нешто подалеку
- Држете го погледот така пет секунди
- Отворете ги очите најшироко што можете
- Држете ги отворени околу пет секунди
- Повторете ја постапката десет пати
6. Затоплете ги очите со вашите раце
Ако чувствувате дека сте изморени и тоа се одразува на вашиот вид, обидете се да им помогнете на вашите очи на следниов начин:
- Тријте го долниот дел од вашите дланки за да се загреат
- Ставете ги нежно на вашите очи
- Држете ги пет секунди
- Постапката повторете ја пет пати
7. Сменете го фокусот
Денес многумина работат на компјутер, а екраните може да бидат навистина штетни за видот. Ако ги чувствувате вашите очи уморни или пак сликата на екранот ви изгледа матно, тоа е знак дека треба да ја направите следнава вежба:
- Погледнете подалеку од вашиот екран
- Изберете објект на околу три метри подалеку од вас и друг објект осум до девет метри подалеку (само внимавајте да бидат во иста линија)
- Ставете го палецот пред вас со испружена рака
- Тргнете го палецот надолу и погледнете на објектот којшто е оддалечен три метри, а потоа префрлете се на другиот објект оддалечен осум или девет метри
- Повторно префрлете се на објектот оддалечен три метри, па потоа повторно испружете ја раката и погледнете во палецот пред вас
- Повторете ја оваа постапка пет до десет пати
8. Затворете ги очите вистински
Доколку вашата работа бара постојано гледање во екранот или пак ако не сте доволно наспиени, понекогаш најдобрата вежба за вашите очи е да ги држите затворени неколку минути. Дури и ако не сте во можност да заспиете, самиот чин на одмарање на очите ќе ви помогне да го подобрите нивното здравје. Потребно е да го направите следново:
- Исклучете го мониторот и сместете се некаде каде што нема светла
- Најдете си соодветна положба
- Затворете ги очите
- Држете ги затворени од пет до десет минути
- Повторувајте го ова два пати на ден