8 едноставни навики кои ќе ви го подобрат и најлошиот ден
Честопати не сме свесни колку некои мали навики кои ги правиме секојдневно може да влијаат врз нашето расположение и чувството на среќа. Малите промени се доволни за да ви го подобрат и најлошиот ден, а дека навистина делуваат докажува и науката. Доволно е да преземете ситни чекори и да усвоите мали, но револуционерни нови навики кои ќе ве направат задоволни и среќни. Добрата вест е што најчесто станува збор за измени кои може многу едноставно да се вклопат во секојдневниот начин на живот, а заради кои ќе се чувствувате подобро. Ви предлагаме едноставни и лесно применливи чекори кои ќе ви помогнат да го подобрите вашето ментално здравје.
1. Одете исправено
Студиите покажале дека ќе се чувствувате многу подобро доколку одите исправено, држејќи ја главата високо, а рамената повлечени наназад. Ако вашите рамена се спуштени и се држите подгрбавено, најверојатно ќе се фокусирате на негативни работи.
2. Престанете да фотографирате сѐ околу себе
Иако повеќето од нас веруваат дека фотографиите се важни, бидејќи на тој начин ќе ни биде полесно да запаметиме некои важни моменти, резултатите објавени во журналот „Psychological Science“ велат поразлично. Сепак, ако сакате да овековечите некој вкусен оброк или убав поглед, фокусирајте се на главниот мотив, притоа без да правите селфи фотографии.
3. Вежбајте
Краткото вежбање трипати неделно ја намалува опасноста од развој на депресија за 19%, велат резултатите од едно истражување. Активните луѓе имаат помал ризик од депресија, а депресивните се помалку склони кон вежбање.
4. Не одложувајте
Колку подолго чекате да го завршите она што сте го наумиле, толку понервозни ќе станувате, а тоа само дополнително ќе ве исцрпи. Намалете го стресот со слушање музика или вежбање, а потоа свртете се кон работа.
5. Излезете од токсичните врски
Ако сте во врска со некој кој постојано ве критикува, тоа многу негативно ќе влијае на вашата самодоверба, без притоа да бидете свесни. Во некои случаи може да резултира со анксиозност или депресија. Послушајте го предупредувањето од вашите блиски пријатели или членови на семејството кои ги забележуваат критиките на вашиот партнер и ви ги посочуваат знаците на насилнички однос.
6. Наспијте се
Ако не сте наспани, не сте одморени, а тоа значи дека вашиот организам не функционира како што треба. Доколку имате проблем со несоница, побарајте стручна помош.
7. Одвојте време за себе
Семејството, пријателите, работата… Не можете да им угодите на сите, а ако настојувате да го остварите тоа, ќе се запоставите себе. Најдете време во текот на денот кога ќе си угодувате на себе, правејќи нешто што ве релаксира и радува.
8. Престанете да правите повеќе работи одеднаш
Праќање електронската пошта додека го јадете оброкот на прв поглед не изгледа опасно, но научно е докажано дека истовременото извршување на повеќе работи одеднаш е исцрпувачко. Наместо „мултитаскинг“ фокусирајте се само на една работа, завршете ја таа, а потоа преминете на следната.
Сите ние понекогаш имаме лош ден, а ова е единственото нешто што треба да си го кажете на глас кога имате лош ден.