8 добри причини да престанете постојано да се извинувате
За некои луѓе извинувањето е вистински предизвик и тешко им е да признаат дека грешат. Сепак, постојат и луѓе кои го прават спротивното и претеруваат со извинувањето. Некои луѓе, особено жените, постојано се извинуваат и тоа дури и за работи кои се надвор од нивна контрола. Па ако спаѓате во втората група, погледнете зошто нема потреба постојано да се извинувате.
1. Веројатно нема причина за извинување
Ако сте направиле нешто лошо, или сте ги повредиле чувствата на некој сакан, би требало да се извините. Сепак, ако само се обидувате да му го привлечете вниманието на келнерот, нема за што да се извинувате. Треба да бидете учтиви, но не и да се извинувате.
2. Изгледате слабо
Со постојаното извинување вие укажувате на тоа дека барате одобрување. Иако постојат ситуации во кои ова е неопходно, барањето дозвола за зборување и помагање сигурно не спаѓа овде.
3. Изгледате виновно
Можеби само се обидувате да бидете учтиви, но некои може тоа да го сфатат погрешно. Извинувањето оди заедно со вината, па ако не се чувствувате виновно, нема потреба да се извинувате.
4. Може да предизвикате непотребна вина
Носењето вина може да ве замори, а кога постојано се извинувате најверојатно се чувствувате и виновно за нешто. Имајте на ум дека малите грешки не треба да прават да се чувствувате така и не дозволувајте да носите непотребен товар.
5. Може да биде здодевно
Дали некогаш ви се имаат извинето без потреба? Ако да, сигурно знаете дека тоа понекогаш може да иритира. Наместо да се извинувате за сè што сакате да кажете, веднаш преминете на главното.
6. Зборот го губи значењето
Постои време и место за извинување. Никој не е совршен и понекогаш навистина има потреба да побарате прошка. Но ако постојано се извинувате, фразата го губи значењето кога тоа навистина ќе биде важно.
7. Поставувате лош пример
Ако сте мајка или идол, обрнете внимание на примерот што го поставувате. Сигурно не сакате вашата ќерка постојано да се чувствува виновна.
8. Тишината е златна
Сите знаеме да зборуваме без да размислиме. Многу луѓе се извинуваат во ситуации кога не знаат што друго да кажат. Вистината е дека нема потреба постојано да кажувате нешто. Тишината ви дава време да рефлектирате и да размислите за она што вреди да го кажете.
Дознајте и кои се знаците на искреното извинување.