8 делотворни вежби за отстранување на подбрадокот и справување со брчките на вратот

8 делотворни вежби за отстранување на подбрадокот и справување со брчките на вратот

За нашето тело да остане младо и затегнато, потребна е правилна исхрана и физичка активност. Овој факт важи и за нашето лице, бидејќи со годините тоа ја губи својата еластичност и убавината. За да го спречите тоа да се случи, стекнете навика да ги правите овие вежби, што малку по малку, ќе му помогнат на вашето лице да остане младо и затегнато уште многу години.

1. Загревање на мускулите (8-10 повторувања)

(1) 8-delotvorni-vezhbi-za-otstranuvanje-na-podbradokot-i-spravuvanje-so-borite-na-vratot-www.kafepauza.mk

Како и за секоја друга вежба, најпрво мора да ги загреете мускулите. Во овој случај поместете ја долната вилица кон напред, а потоа од една до друга страна. Сите покрети треба да бидат нежни, без нагли движења.

2. Главата кон напред (5-7 повторувања)

(2) 8-delotvorni-vezhbi-za-otstranuvanje-na-podbradokot-i-spravuvanje-so-borite-na-vratot-www.kafepauza.mk

Отворете ја устата и свртете ја долната уста кон навнатре. Замислете дека треба да соберете вода со долната вилица. Поместувајте ја главата надолу кога ја отворате устата, а при затворањето подигнете ја нагоре. Додека ја изведувате оваа вежба, внимавајте краевите на усните да ви бидат опуштени.

3. Допрете го носот (5 повторувања)

(3) 8-delotvorni-vezhbi-za-otstranuvanje-na-podbradokot-i-spravuvanje-so-borite-na-vratot-www.kafepauza.mk

Брадата е поврзана со мускулите на јазикот, па затоа е и важно да ја затегнувате. Исплазете го јазикот што повеќе можете и обидете се да го допрете носот со врвот. Усните треба да ви бидат опуштени.

4. Совршено овално лице (5 повторувања)

(4) 8-delotvorni-vezhbi-za-otstranuvanje-na-podbradokot-i-spravuvanje-so-borite-na-vratot-www.kafepauza.mk

Ако сакате да го повратите лицето во формата што сте ја имале како млади, следете ја оваа вежба. Свртете ја главата на левата страна, повлечете ја вилицата кон напред, притискајќи ги мускулите на вратот. Треба да почувствувате како мускулите на левата страна самите се затегаат. Потоа свртете ја главата на другата страна и повторете ја вежбата.

5. „Бакнеж со жирафа“ (5 повторувања)

(5) 8-delotvorni-vezhbi-za-otstranuvanje-na-podbradokot-i-spravuvanje-so-borite-na-vratot-www.kafepauza.mk

Замислете дека треба да бакнете жирафа. Подигнете го лицето нагоре и гледајте кон таванот. Нежно поместете ја долната вилица кон напред и стиснете ја устата како да треба да бакнете некого. Ако ја изведувате оваа вежба правилно, треба да почувствувате силна тензија во вратот. Држете 5-8 секунди, па опуштете.

6. Давање отпор на мускулите (5-7 повторувања)

(6) 8-delotvorni-vezhbi-za-otstranuvanje-na-podbradokot-i-spravuvanje-so-borite-na-vratot-www.kafepauza.mk

За оваа вежба е потребно да стиснете тупаници и да ги поставите веднаш под брадата. Потоа лесно поместете ја долната вилица кон нив, затегнувајќи ги мускулите што даваат отпор. Полека давајте напор и кога ќе го достигнете максимумот, држете 3 секунди па пуштете.

7. Совршена насмевка (5-8 повторувања)

(7) 8-delotvorni-vezhbi-za-otstranuvanje-na-podbradokot-i-spravuvanje-so-borite-na-vratot-www.kafepauza.mk

Стиснете ги забите со затворени усни и потоа обидете се да ги раширите аглите на усните што повеќе можете. Турнете го јазикот кон тврдото непце, постепено зголемувајќи ја силата. Ако чувствувате силна напнатост во мускулите на брадата, ја изведувате вежбата правилно. Држете го чувството на напнатост 5 секунди, па опуштете 5 секунди.

8. Цврсти образи (5-6 повторувања)

(8) 8-delotvorni-vezhbi-za-otstranuvanje-na-podbradokot-i-spravuvanje-so-borite-na-vratot-www.kafepauza.mk

Вдишете длабоко и наполнете ја устата со воздух. Затворете ја цврсто и истакнете ги образите. Потоа притиснете со дланките на нив и почувствувајте ја тензијата во мускулите. Држете 3-5 секунди, па опуштете.

Погледнете ги и овие начини да се да се ослободите од здодевниот подбрадок!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар