8 чекори за сопствен стил: Не само што ќе заштедите пари, туку ќе бидете и автентични
Керин Ројтфелд, една од најдобро облечените жени денес, е вистинската личност на која треба да ѝ се обратите ако сакате да бидете автентични и препознатливи. Таа советува како да изградите свој стил, а нејзините трикови се многу корисни.
1. Игнорирајте ги трендовите
View this post on Instagram
Трендовите доаѓаат и си одат, но само класиката никогаш не излегуваат од мода. На пример, изберете фармерки со класичен крој или дезен наместо со апликации, бидејќи ќе можете да ги носите дури и кога популарноста на тој дезен ќе падне во заборав. Оние кои им се робови на трендовите ќе мора повторно да одат на шопинг.
2. Не копирајте ги комбинациите од модните писти
View this post on Instagram
Тоа е нешто што ќе го видите кај сите и наскоро ќе ви стане здодевно. Наместо тоа, препуштете му се на сопствениот моден инстинкт и направете комбинации по ваш вкус.
3. Никогаш не можете да имате премногу црни здолништа
View this post on Instagram
Црното здолниште е основно парче облека за многу модни комбинации.
4. Запознајте го сопственото тело
View this post on Instagram
Сè се сведува на пропорциите и на силуета. Ако ја знаете формата на вашето тело, тогаш ќе знаете и како да се облечете. На пример, ѕвонарките можеби се во мода, но тие не им стојат убаво на ниските жени, па затоа не мора да трошите пари на нив.
5. Не фрлајте ја облеката – преобликувајте ја
View this post on Instagram
Од долгиот фустан направете краток, променете го изгледот на здолништето, приспособете ја должината на панталоните на вашата висина итн.
6. Комбинирајте женски и машки парчиња облека
View this post on Instagram
Ѕирнете во плакарот на партнерот, украдете ја кожената јакна и комбинирајте ја со свилена кошула. Исто така, можете да позајмите класична кошула од машкиот плакар и да ја комбинирате со омилената јакна и со фармерки.
7. Никогаш не ризикувајте со скапи парчиња облека
View this post on Instagram
Кога станува збор за скапи парчиња облека, купувајте класични модели со кои ќе играте на сигурно и кои ќе можете да ги носите со години. Во ред е да „флертувате со трендовите“, но ако често купувате облека што никогаш не ја носите, тогаш не се исплаќа да ризикувате со скапите модели.
8. Кога не знаете што да облечете, изберете облека во која се чувствувате пријатно
View this post on Instagram
Кога не знаете што да облечете, облечете нешто што знаете дека ви одговара. Тоа се секогаш истите комбинации во кои знаете дека изгледате убаво. Тогаш обично ви треба нешто во што ќе се чувствувате пријатно, особено ако се чувствувате лошо или ако сте уморни.
Погледнете кој дезен ќе биде апсолутен есенски хит.