8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естроген

8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естроген

Естрогенот е главниот женски хормон којшто е одговорен за развитокот и регулацијата на репродуктивниот систем, како и половите одлики (растење на гради, влакна под пазувите и менструален циклус). Од голема важност е да го контролирате и да го одржувате нормалното ниво на естроген, бидејќи прекумерното количество може да предизвика рак. Поради тоа, добро е да знаете кои се предупредувачките знаци дека имате премногу естроген во вашето тело.

ПРИЧИНИ ЗА ЗГОЛЕМЕНО ЛАЧЕЊЕ НА ЕСТРОГЕН

8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естроген

Постојат 2 начини на кои природно се зголемува нивото на естроген – за време на пубертет и за време на бременост. Но, зголемувањето на нивото може да настане и од други причини. Вишокот естроген може да биде предизвикан од околината или начинот на исхрана.

Денес воопшто не е тешко да го покачите нивото на естроген бидејќи можете да го најдете во храна што има токсични пестициди, хербициди и хормони за растење. Па, внимателно одбирајте ги продуктите што ги купувате и секогаш проверувајте ги состојките и каде се произведени.

Покрај овие причини, постојат и други фактори кои влијаат на нивото на естроген и се поврзани со начинот на живот:

1. Претерано консумирање алкохол и лекови

2. Болести на срцето, дијабетес, дебелина и висок крвен притисок.

3. Стрес

ЗНАЦИ ЗА ВИСОКО НИВО НА ЕСТРОГЕН КАЈ ЖЕНИТЕ

Обрнете внимание на следниве знаци и веднаш посетете лекар ако пронајдете нешто што ве вознемирува.

1. Потечени и чувствителни гради

8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естроген

Многу жени чувствуваат промена во нивните гради за време на циклусот и во текот на бременоста бидејќи градите се навистина чувствителни на хормони. Ако градите ви се чувствителни, ве болат, или се потечени, тоа може да биде знак за високо ниво на естроген.

2. Променливо расположение

8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естроген

Естрогенот има влијание на вашата ментална состојба и на вашите емоции. Овие чувства можат да бидат слични со ПМС симптомите. Можеби ќе се чувствувате депресивно или ќе имате анксиозност, а вашите емоции ќе се менуваат без причина.

3. Фиброцистични грутки во градите

8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естроген

Ако естрогенот доминира, можете да почувствувате грутки во вашите гради. Тие можат да бидат чувствителни или болни. Доколку забележите каква било грутка или промена на вашите гради, веднаш посетете го вашиот лекар.

4. Паѓање на косата

8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естроген

Обично ова е машки проблем, но кога во телото се лачи повеќе естроген, можно е косата да ви паѓа повеќе од вообичаено. Ова може да предизвика уште посилна депресија. Но не заборавајте дека бројот на паднати влакна зависи и од вашиот начин на живот.

5. Дебелеење

8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естроген

Доколку сте забележале дека не јадете премногу и сте колку-толку активни, а качувате килограми, можеби во телото имате вишок естроген. Исто така може да се појави подуеност и да ви биде тешко да ги намалите килограмите, дури и со диета.

6. Нередовна менструација

8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естроген

Ова е особено важен знак за жените кои имаат редовна менструација којашто одеднаш почнува порано или подоцна. Вашиот менструален циклус е контролиран од нивото на хормони во телото, па ако има нерамнотежа, ќе настанат промени.

7. Постојан замор

8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естроген

Ако имате проблеми со спиењето, можно е да чувствувате постојан замор и ова е нормално. Но ако сте забележале дека сте изморени почесто од вообичаено, а немате направено промени во животниот стил, можеби треба да ги проверите хормоните во вашето тело.

8. Проблеми со спиењето

8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естроген

Вишокот естроген може да предизвика и разни проблеми со спиењето. Можно е да бидете поразговорливи и да не можете да спиете, или обратно – постојано да ви се спие. Обрнете внимание на тоа дали има промени во вашите навики за спиење без промена на нивото на стрес.

Дознајте и кои хормони предизвикуваат дебелеење и како да ги избегнете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар