7 знаци за пропаѓање на бракот: 3 од нив укажуваат на крај за помалку од 2 години
Проблемите во врската можат да бидат и знаци за пропаѓање. Ако и двајцата ги забележите на време и сакате да поработите на нивно отстранување, тогаш можете да ја спасите врската или бракот. Ако идентификувате барем 3 знаци од овие 7 и не почнете одма да ги решавате, тогаш вашата врска може брзо да дојде до крај. Според експертите и статистиките имате најмногу 2 години пред вас. Токму затоа бидете искрени кон себе додека ги читате следниве тврдења и откријте дали вашиот брак има потреба од спасување.
1. Веќе 1 година не сте добиле никаков поклон од вашиот партнер, ниту каков било мал знак на внимание, како омиленото цвеќе или чоколадо.
2. Од времето кое го поминувате заедно, 90% сте на интернет или се дружите и разговарате со вашите пријатели, како да се избегнувате еден со друг.
3. Не постои барем еден заеднички оброк во текот на неделата каде што слободно разговарате за сè.
4. Сè поретко сте заедно, не се додворувате, ниту допирате поради недостаток на слободно време.
5. Кога разговарате, се чувствувате како да зборувате со ѕид. Тој/таа слуша што говорите, но не реагира.
6. Во последниве месец дена не сте легнале да спиете заедно или во исто време.
7. Можат да поминат денови (ако сте подолго разделени) и никој од вас да не испрати СМС порака, ниту да се јави за да разговарате.
Ако само 1 или 2 изјави се однесуваат на вашиот однос, тогаш би требало да обрнете внимание на тоа однесување со цел да ги избегнете проблемите во иднина. Но, ако сте нашле 3 или повеќе изјави кои се вистинити за вас, тогаш треба да побарате помош што побрзо со цел да го спасите вашиот брак. Доколку сметате дека тоа е невозможно, излезете од оваа врска бидејќи го губите своето време. Секој однос треба да се гради и негува, но прашање на време е до која мера и колку треба да одложувате, особено кога вложениот труд не дава резултати.
Погледнете ги и следниве 6 прашања за кои треба дополнително да размислите…
1. Дали слободното време го поминувате заедно?
2. Постои ли сè уште нешто што кај вашиот партнер или партнерка ви се допаѓа физички, како на пример, насмевката, телото, очите…?
3. Дали и двајцата се согласувате дека вашата врска треба да се подобри, продлабочи, изгради… Или сте искрено задоволни со тоа што го имате денес?
4. Дали во текот на расправиите и повремените караници (кои се нормални за секоја врска) користите „ниски удари“, односно ги спомнувате неговите или нејзините слабости и го критикувате нивниот карактер, дури и кога тоа нема никаква врска со караницата?
5. Дали по смирувањето вие навистина ја заборавате причината за караницата или тоа само го кажувате, а во себе помните сè?
6. Постојат ли нешта кои и двајцата ги сакате со ист интерес и жар?
За секоја врска е важно да ја научите вештината за смирување. Караниците понекогаш не можат да се избегнат, па токму затоа и двајцата треба да знаете како да го искажете тоа што го чувствувате и потоа да се прегрнете, бакнете и да си кажете „Те сакам“. Ако сакате да ја зацврстите вашата врска, потрудете се искрено да поработите на неа и да ја заборавите својата огорченост.
Ниту еден брак не е совршен, но треба да бидете свесни дека поголемиот дел од наведените знаци укажуваат дека треба нешто да смените. Размислете, разговарајте, консултирајте се со експерти, пријатели на кои им верувате или со семејството со цел тие да ви помогнат полесно да дојдете до заклучок. Во овој процес многу подобро ќе се запознаете себеси, а со тоа и ќе го подобрите бракот.