7 знаци со кои девојка се издава кога ѝ се допаѓате

7 знаци со кои девојка се издава кога ѝ се допаѓате

Посрамежливите девојки најчесто се и поконвенционални, па чекаат момчето кое им се допаѓа да го направат првиот чекор. Таа можеби нема да ви се џитне и да почне да ве бакнува, ако сте само пријатели или познаници, но со неколку невербални знаци може несвесно да се издаде дека ве посакува. Отворете ги очите, бидете љубезни, насмеани и расположени и сфатете по која девојка ќе ви се исплати да „трчате“. 🙂

1. Си ја поправа или допира нејзината коса

Општо е познато дека жените трошат голем дел од своето време, средувајќи си ја косата. Убавата коса дефинитивно ги прави повпечатливи во машките очи. Оние жени кои имаат пократка коса, се најчесто и посамоуверени во врска со својот изглед, бидејќи должината бара од нив поголема грижа и посветеност, па секогаш се средени. Ако честопати си ја допира косата кога е во ваша близина, тогаш таа или е внимателна во врска со својот моментален изглед или потсвесно ви дава сигнали дека ѝ се допаѓате.

7 знаци со кои девојка се издава кога ѝ се допаѓате

2. Гледа во вашите усни

Освен ако устата не ви е претерано испукана од ладното, доколку таа погледнува наизменично во вашите очи, па во вашите усни, тоа најчесто е знак дека девојката сака да знае каков е вкусот на вашиот бакнеж. Па, ако забележите ваков говор на телото од нејзина страна, охрабрете се да го направите првиот чекор кон нешто посериозно.

3. Седи со нозете невкрстени

Ова можеби ќе ви звучи малку чудно, но доколку вашата пријателка седи спроти вас со подраширени нозе, тоа значи дека генерално е поотворена и опуштена во ваша близина. Ова секако не значи дека веднаш сака да има секс со вас, туку дека се чувствува многу пријатно во ваша близина. Прекрстените нозе сигнализираат дека таа е ментално позатворена во врска со вас, што можеби значи дека сака само да ви биде пријателка или пак не е сè уште спремна за нешто повеќе.

7 знаци со кои девојка се издава кога ѝ се допаѓате

4. Целосно е свртена кон вас

Ова е еден од оние знаци со кој лесно ќе препознаете дали ѝ се допаѓате на девојката за која сте заинтересирани. Ако седите или стоите еден до друг и таа се сврти накај вас кога ќе ѝ се обратите и остане во истата позиција цело време додека зборувате, тоа значи дека таа ужива да биде во ваша близина и го апсорбира вашиот шарм.

5. Наоѓа причина да биде во ваша близина

Ако забележите дека додека сте на некоја забава со многу луѓе, таа постојано наоѓа причина да биде баш околу вас, постои шанса таа тоа да го направи намерно, за да се зближи повеќе со вас и се надева дека ќе започнете разговор со неа.

6. Го допира вашето рамо

Прво, на многу жени им се допаѓаат мажи кои имаат убави рамена. Второ, рамената се многу неутрална зона за допирање. На тој начин, нема ништо наметливо и нападно кај девојка која се смее на шегите кои ѝ ги кажувате и спонтано ве допира или потчукнува по рамото. Ова е најчесто и знак дека ѝ се допаѓате.

7 знаци со кои девојка се издава кога ѝ се допаѓате

7. Премногу се смее додека е со вас

Ако таа е весела, насмеана и среќна додека е во ваша близина, значи дека вие добро си ја вршите вашата работа како машко. Не постои маж на светов, кој има пријателка што постојано ја засмејува и расположува, а да не може со малку труд да го освои нејзиното срце.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Мона Reply

    Е да..Тоа е тоа. 🙂

  2. maca Reply

    ne beeeee 🙂

  3. zz... Reply

    ihh.. da! <3 😀

  4. happy Reply

    Bar za mene ova ne e tocno… koga nekoj mi se dopagja voopsto ne go gledam vo oci. 🙂

  5. cvetce Reply

    apsolutno veze nema. Sekogas pri razgovor gledam naizmenicno vo ustata i ocite na sogovornikot i ne mozam da tvrdam deka sekogas toj mi se dopagja

  6. emmi Reply

    Cisssta vistina.se pronajdov vo se!em

Остави коментар