7 знаци на депресија кои луѓето не ги забележуваат
На сите луѓе им се случило да се почувствуваат понерасположено од вообичаено и сите поминале низ депресивни периоди во животот. Кај некои поединци овие фази траат подолго и се поизразени, но кај некои тие се кратки и незабележливи. Сепак, доколку поминувате низ тежок период постојат неколку работи кои ве „издаваат“, но луѓето околу вас најчесто не забележуваат дека се однесувате на таков начин затоа што минувате низ депресивна фаза. Во продолжение прочитајте за што станува збор…
1. Не сте мотивирани да ги довршите работите
Мислењето дека депресијата подразбира многу плачење е сосема погрешно. Депресијата е всушност отсуство на емоции. Станува збор за многу ужасно и „тапо“ чувство. Се чувствувате како сите внатрешни емоции да ви се извадени и мора да глумите некако. Оваа празнина многу ги отежнува работите, бидејќи мозокот постојано ви вели „Која е поентата?“.
2. Не одговарате веднаш на пораките
Исчезнувате од врските и тоа не само од љубовните. Едноставно ве снемува. Не знаете како да објасните што ви се случува без да повредите нечии чувства.
3. Многу спиете
Но, не спиете кога треба. Луѓето кои се депресивни страдаат од несоница. Постојано сте исцрпени и многу често дремнувате. Понекогаш спиете затоа што навистина сте уморни, а понекогаш затоа што спиењето ви се чини како единственото нешто што можете да го направите.
4. Ги пропуштате шансите што отсекогаш сте ги посакувале
Откажувате дружби и социјални настани. Не ја прифаќате одличната понуда за работа. Се криете дури и тогаш кога посакувате да не го правите тоа. Дел од вас чувствува дека не заслужува среќа. Друг дел од вас мисли дека ќе најдете начин да уништите сѐ, па затоа најдобро е да кажете не.
5. Пробувате сами да се лекувате
Лекувањето не е секогаш поврзано со алкохол и дрога. Вежбањето со часови на лентата за трчање исто така може да биде еден вид лекување. Можеби маратонското гледање серии ви нуди можност за бегство. Ако станува збор за нешто што премногу го користите, тогаш тоа е вашиот порок. Знаете дека тоа не е најздравиот начин за да се соочите со депресијата, но ви треба нешто за да го преживеете денот.
6. Делувате рамнодушно
Тоа не е така затоа што не се грижите за вашите пријатели и за она што се случува околу вас. Вие навистина се грижите до некаде, но вашата депресија ви го отежнува тоа. Сѐ е само една голема празнина.
7. Се однесувате како да е сѐ во ред
Можеби не сте подготвени за прашањата поврзани со вашето здравје и моментална состојба. Некои луѓе не знаат како да ја разберат депресијата. Некои се плашат. Некои се однесуваат како да се работи за заразна болест. Вие само се обидувате да преживеете без да правите голема драма од сето тоа.
Дознајте и кои 7 работи ги прават луѓето кои ја маскираат својата депресија.