7 знаци кои покажуваат дека бегате од љубов

7 знаци кои покажуваат дека бегате од љубов

Кој рече дека љубовта е едноставна? Било да сте некое време слободни или пак сте во брак во кој не чувствувате поврзаност со партнерот, големи се шансите дека во некои моменти сте се дистанцирале. Дистанцирањето иако наизглед нè заштитува од повредување, всушност прави да се чувствуваме уште поосамени.

7 знаци кои покажуваат дека бегате од љубов

Следниве 7 знаци укажуваат дека сте се дистанцирале од потенцијалните емоции. Прочитајте ги за да можете да си помогнете.

1. Се обвинувате себеси за секое емотивно промашување

Некои фрази кои жените си ги говорат себеси се: „Не сум доволно слаба“, „Престара сум“, „Не сум доволно добра сопруга“. Колку и да е тешко да се оттргнете од овие размислувања, морате да се потрудите затоа што секој којшто сака да биде во добра врска заслужува да биде емотивно исполнет. Од помош можат да ви бидат разни мотивациски пораки кои ќе си ги кажувате и повторувате самите на себе, а исто така и посетата на терапевт може да помогне.

2. Негативни сте

Дали некогаш сте слушнале за законот за привлекување?

Доколку сѐ уште сте заглавени размислувајќи за лошите работи што ви се случиле порано, тоа нема да ви донесе ништо ново. Вашата емоционална состојба може да влијае врз вашата енергија и сигналите кои ѝ ги испраќате на околината. Доколку сте негативни, такви луѓе и ќе привлечете. Тоа секако ќе води кон нови разочарувања. Наместо да бидете негативни, запишете што не ви одговарало во претходната врска, кои ваши потреби и желби не биле задоволени и зошто. Со запишувањето ќе се натерате да навлезете длабоко и да го пронајдете коренот на проблемот.

3. Продолжувате да ги правите истите работи, а очекувате различни резултати

Понекогаш е многу тешко да се воочат шаблоните на однесување, а уште потешко е да се променат. Ако љубовта секогаш ја наоѓате на погрешни места односно во погрешни луѓе, време е да се запрашате себеси каде грешите. На кој начин вообичаено ги запознавате партнерите и кој тип мажи најмногу ви се допаѓа? Одговорите можат да ви помогнат да ги воочите шаблоните и следниот пат да пробате нешто поразлично.

4. Сè уште мислите на старата љубов

Да разјасниме некои работи, доколку вас сè уште ве интересира што прави вашиот бивш дечко, многу е веројатно да ја пропуштите можноста да запознаете некоја нова интересна личност. Можеби звучи банално, но ослободувањето од „остатокот“ од бившиот може да биде од голема помош. Обидете се да не го гледате и избришете го од социјалните мрежи. Колку помалку знаете за него толку полесно ќе продолжите со вашиот живот.

5. Не сакате да покажете кои сте навистина

Дали се повлекувате секогаш кога вашиот партнер ќе ве праша нешто за вашето детство? Дали после расправиите одите до кујната и посегнувате по храна за утеха? Тоа значи дека останувате во вашата емоционална комфор зона избегнувајќи какви било силни емоции, што не е во ред. Кога одбивате да бидете ранливи тоа значи дека се срамите од вашите желби и потреби. А, тоа прави ѕид помеѓу вас и партнерот и би можело да доведе до тоа и тој да се повлече во себе. Со такво однесување вие ќе станете оддалечени од вашиот партнер.

6. Несвесно ги одбивате потенцијалните кандидати

Љубовта може да се одбие на различни начини. Можете да бидете премногу сомничави или да барате бесмислени маани. Таквата стратегија секако ве заштитува од разочарувања, но не ве води никаде. Наместо одма да одбиете некого, дајте му шанса.

7. Мислите дека премногу сте зафатени со работа за да одржувате врска

Во овој случај важи она – „Сè се може ако се сака“.

Прочитајте и за 3-те знаци што ќе ви помогнат да дознаете дали е вистинска љубов или летен занес.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар