7 знаци дека сте во врска со претерано чувствителна личност која премногу размислува
Дали сте се заљубиле во личност која изгледа како постојано да се сомнева во сè и без престан да ги премислува сите работи кои ги прави? Дали тој или таа постојано одат напред назад, со цел подобро да ги анализираат оние нешта кои им се случиле? Ако одговоривте точно на овие прашања, тогаш можеби сте заљубени во личност која премногу размислува и е пречувствителна. Погледнете како функционираат овие комплексни суштества…
1. Тие имаат повеќе резервни планови
Овие личности имаат аналитичен ум, за добро и за лошо. Токму затоа и очекувајте дека тие ќе имаат многу резервни планови за сите ситуации во кои се впуштаат. Ова може да биде од голема корист кога планирате комплицирани планови или се соочувате со проблеми, но може да биде и недостаток ако вашиот партнер почне да прави нереални планови за „криза која чека да се случи“.
Кога тие ќе почнат да се однесуваат деструктивно кон себе и своите планови, вие треба да ги вратите назад во реалноста. Објаснете им дека нивниот ум малку скршнал од патот и потсетете ги да дишат длабоко со цел да смират и да можат појасно да ја видат ситуацијата. Токму во тој момент можете да им го одвлечете вниманието со интересна активност, како масажата.
2. Тие ги помнат дури и најмалите ситници кои сте им ги кажале
Без разлика дали станува збор за тивок коментар кој сте го кажале на поминување или пак, за поголема забелешка, тие веќе нашле 50 милиони причини зошто вие би кажале нешто такво. Бидете внимателни со вашите зборови и не им давајте непотребни информации бидејќи ќе ги натерате да се опседнат со ништо.
Доколку забележите дека нивниот „лик за размислување“ се појавил, тогаш објаснете им дека овие за нив големи зборови се всушност многу мали и дека не треба да се нервираат, па потоа прашајте ги зошто се појавила оваа реакција кај нив. За крај, потсетете ги дека одвреме-навреме претерано размислуваат и дека токму оваа тема не вреди за нивните мисли.
3. Тие не се менуваат преку ноќ
Не постои начин на кој можете да ги „поправите“ овие личности. Оние кои претерано размислуваат треба да сакаат да се сменат со цел да се справат со своите претерани мисли. Токму затоа и треба да бидете нивната поддршка доколку одлучат да се консултираат со психотерапевт. Од друга страна, вие исто така можете да им предложите неколку начини на смирување:
- Вежбање, во домот или во теретана
- Трчање или јога
- Медитација
- Онлајн групи или сајтови за поддршка за анксиозност
- Исклучување од социјалните мрежи и медиуми, барем еден час дневно
- Посветување време на себе
4. Тие се одлични за планирање
Доколку соодветно ги насочат нивните мисли, овие личности можат да бидат корисни кога станува збор за аналитичко размислување. Доколку ви е потребен одговор на одреден проблем или сакате да планирате патување или настан, вашата љубов е совршената личност од која можете да побарате помош.
5. Тие имаат потреба да се повлечат по караница
Овие личности имаат потреба од повеќе време за да си ги средат своите мисли по караница помеѓу вас. Тоа е исцрпувачка ситуација за нив, која им одзема многу енергија, па токму затоа дозволете им доволно време за да се опуштат. Исто така може и да им треба повеќе време да ви пристапат повторно, дури и откако ќе ги средат сите свои мисли.
6. Тие можат да бидат и претерано чувствителни
Одвреме-навреме тие морат да бидат потсетени дека се опседнати со нешто кое го нарушува нивното расположение. Ова потсетување ќе ги врати назад во реалноста, но треба да внимавате да не бидете премногу строги со нив. Претераното размислување е еден вид анксиозност, состојба која не може магично да се исклучи доколку го побарате тоа од нив.
7. Тие создаваат свои сопствени вентили за исфрлање на анксиозноста
Не бидете изненадени ако оваа личност има креативно или чудно место каде што оди со цел да ја исфрли својата анксиозност и фанатична енергија. Вашата цел е да уживате и да го поддржувате овој вентил, сè додека не влијае негативно на вашата врска. Колку и да ја сакате оваа личност, не заборавајте дека вашата љубов нема да ги смени. Но, може многу да му/ѝ помогне да расте…