7 знаци дека не внесувате доволно протеини во вашиот организам

7 знаци дека не внесувате доволно протеини во вашиот организам

Протеините се од голема важност за нашиот организам, бидејќи ни даваат енергија, го регенерираат нашето тело и овозможуваат чувство на ситост. Тие се составени од аминокиселини кои се многу важни за мускулите. Нашето тело произведува од 11 до 20 аминокиселини, што значи дека преостанатите 9 треба да ги земаме од храната. Доколку имате барем еден од овие 7 симптоми, тоа значи дека не внесувате доволно протеини и со тоа ризикувате да ви се појават одредени здравствени проблеми.

1-7-znaci-deka-ne-vnesuvate-dovolno-proteini-vo-vashiot-organizam-www.kafepauza.mk_

1. Постојано сте гладни

Без разлика дали тоа се случува поради диетата што ја држите или пак не внесувате доволно протеини со оброците, морате што побрзо да ја промените таа навика. Во спротивно ќе грицкате нешто кога треба и кога не треба, а килограмите ќе се таложат.

2. Чувствувате болка во мускулите

Многу честа, остра болка или пак премаленост во мускулите, значи дека мускулите се на крајот од својата сила и дека им се потребни протеини од храната.

3. Тешко се оправувате од повредите

За да се изградат нови ќелии и за да може кожата да се регенерира, протеините им се и тоа како потребни.

4. Имате проблем со косата, кожата и ноктите

Косата која засилено опаѓа, нокти кои се кршат и кожата која се лупи се јасни знаци дека не ги внесувате потребните хранливи материи во вашиот организам.

2-7-znaci-deka-ne-vnesuvate-dovolno-proteini-vo-vashiot-organizam-www.kafepauza.mk_

5. Задржување на течностите

Доколку во зглобовите и стапалата ви се задржува течност тоа може да биде многу незгодно, па дури и болно. Причината за тоа најчесто е недостатокот на протеини.

6. Често се разболувате

Бидејќи имунолошкиот систем се заснова на протеини, недостатокот на истите значи дека често ќе бидете болни и ќе ве напаѓаат вируси и алергии.

7. Пад на менталната енергија

Доколку чувствувате како мозокот да „не ви работи“ значи дека или имате проблеми со шеќерот во крвта или пак внесувате малку протеини.

3-7-znaci-deka-ne-vnesuvate-dovolno-proteini-vo-vashiot-organizam-www.kafepauza.mk_

Недостатокот на протеините најчесто се јавува кај постарите личности, спортистите, оние кои се оправаат од тешки болести, кои се под постојан стрес, кои се на диета или кои имаат стомачни проблеми.

Меѓутоа тоа може да му се случи на секого кој не ги консумира потребните производи.

Вие би требало дневно да внесувате 0,36 грама протеини на секој половина килограм. Значи личноста која има 68 килограми, дневно би требало да внесува по 55 грама протеини.

За да го вратите вашето тело на правиот пат, вие треба да јадете јајца, месо, житарки, овошје, зеленчук, соја и млечни производи.

Вегетаријанците треба во поголеми количини да јадат соја, житарки, лешници и зеленчук.

4-7-znaci-deka-ne-vnesuvate-dovolno-proteini-vo-vashiot-organizam-www.kafepauza.mk_ - Copy

Доколку воопшто не ги сакате овие производи, послужете се со купување суплементи, но секако, природната опција е многу подобра. За да немате некои потешки здравствени проблеми, обидете се да се храните со сите неопходни производи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар