7 златни правила за одржување на тенот во солариум
Постојат многу истражувања кои покажуваат дека треба да го избегнете одењето на солариум, но доколку сепак се решите да го одржувате вашиот тен на овој начин, добро е да сте запознаени со овие совети.1. Експертите предупредуваат дека во солариум треба да се оди што поретко. Но, доколку имате кус период за да го постигнете посакуваниот тен, немојте да го заборавите ова правило, кое вели дека помеѓу два третмани треба да помине минимален период од 2 дена.
2. Пред одење на третман, задолжително направете пилинг на целото тело, за да ги отстраните мртвите клетки од кожата.
3. За одржување на убавиот тен, доволно е да одите еднаш неделно, од 6 до 8 минути.
4. Најдобро е да не се туширате барем два часа по третманот.
5. Солариумот ја суши кожата, па затоа не заборавајте, по туширањето убаво да се намачкате со некое помрсно млеко за тело.
6. За да ја избегнете дехидрацијата, по третманот пијте многу течности.
7. Не одете на солариум по месечниот менструален циклус, ниту доколку пиете антибиотици или сте на терапија со кортикостероиди.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.