7 животни вистини кои многумина не сакаат да ги прифатат
Во животот честопати може да биде тешко да си ги признаете слабостите и постојано барате оправдување за себе и за другите. А кога тоа би го промениле, животот би ви бил поедноставен и подобар. Но, време е да ги прифатите животните вистини со кои многу од вас се плашат да се соочат и да почнете да работите на своето подобрување веднаш, без оправдувања. Прочитајте ги овие 7 животни вистини што ќе ви ги отворат очите, ќе ве направат посилна личност и ќе ви помогнат да ги раширите своите крилја и да ги достигнете височините за кои сте мислеле дека никогаш нема да можете да ги освоите.
1. Никој не е премногу зафатен за да ви се јави
Ниту една личност не е премногу зафатена за да ви одговори на пораката, ниту пак вашиот потенцијален работодавач не е преоптоварен со работа за да ви се јави и да ви го даде одговорот кој го очекувате. Запаметете, луѓето може да пронајдат време за оние за кои сакаат да го направат тоа. Вие им се јавувате и им одговарате на луѓето со кои навистина сакате да останете во контакт. Ако некој не ви одговори, тоа е затоа што свесно одбрал дека не сака да го стори тоа. Што порано престанете да наоѓате изговори за оние кои кон вас не се однесуваат добро, толку побргу ќе се зближите со оние кои навистина ве почитуваат.
2. Секој ги става своите интереси на прво место
Без разлика на тоа колку некој е полн со љубов, добар, љубезен и внимателен, личните интереси секогаш ќе ги става пред вашите. Дури и најчесниот работодавач може да не биде свесен колку ве натрупува со работа доколку постојано прифаќате нови работни обврски. Повеќето луѓе ќе се трудат од вас да извлечат што е можно повеќе. Затоа, обидете се да поставите свои лични граници и не им дозволувајте на другите тие да ги прошируваат. Силните луѓе не се плашат да кажат „не“ и да го изразат своето мислење. Тие знаат дека мора да се борат за себе, затоа што никој друг нема да го направи тоа за нив.
3. Невозможно е сите да ги усреќите
Да сте го направиле сето она што секоја личност во вашиот живот би ви рекла да го направите, најверојатно би полуделе или би завршиле како безживотно и бездушно суштество. Вистината е дека не можете сите да ги направите среќни. Се разбира, можете да се обидете, но никогаш нема да успеете. Секогаш ќе постои некој кој нема да се согласува со вашите избори или начинот на живот. Луѓето ќе ве критикуваат без оглед на тоа што сте направиле. Затоа, одлучете што е добро за вас и имајте храброст да се борите за она што сметате дека е исправно. Единствено треба да си угодувате на самите себе.
4. Светот ништо не ви должи
Можете да бидете најдобрата, најпаметната и најинтересната личност на светот, но доколку никој освен вас не е свесен за тие ваши прекрасни особини, од нив нема да имате никаква корист. Постојат само два можни избори – можете да го поминете целиот живот жалејќи си се, затоа што заслужувате повеќе отколку што добивате или можете да му пристапите на светот и да го земате она што го сакате. Погодувате ли што избираат успешните луѓе?
5. Барате изговори за себе
Можете целиот живот да го поминете обвинувајќи некој друг за тоа што немате доволно време, пари, енергија и можности за да ги остварите своите цели. Вашите зборови може да имаат смисла, но „суровата“ вистина е дека баш секој човек на светот има барем еден изговор зошто не го живее животот кој го сака. Луѓето кои имаат најисполнет живот, не бараат изговори. Тие пронаоѓаат начин да ги надминат пречките, наместо тие да ги спречуваат во остварување на нивните соништа.
6. Вас ве дефинираат вашите постапки, а не вашите мисли
Можете да седите цел ден дома, размислувајќи за подобар свет, но сѐ додека не излезете и не почнете да дејствувате, вие не правите ништо за да ги промените работите. Способноста да смислувате големи планови е добра особина, но доколку не е придружена со некои постапки, таа е залудна. Запаметете: Другите ве проценуваат според вашите дела, а не според намерите.
7. Никој нема да ве спаси од вашиот живот
Во животот секогаш чекате нешто. Чекате да ја запознаете вистинската личност, да го остварите вашиот сон, да ја добиете посакуваната работа… Кога сте незадоволни со ситуацијата во која сте моментално, сепак имате надеж дека некое чудо ќе ви помогне да ги решите проблемите. Но, вистината е дека животот не функционира на таков начин. Проблемите не може да се решат со магично стапче. Доколку сакате да го промените својот живот и да бидете посреќни, мора да бидете таква личност која ќе ги презема потребните чекори кон остварување на целта. Најмоќните луѓе ја знаат оваа едноставна вистина: кога времињата се тешки, не морате да чекате некој или нешто за да ви помогне или да направи нешто за вас, вие треба да се потпирате само на себе.