7 видови љубовни караници кои едноставно не вредат за нервозата
Ниту еден пар не сака да се кара за нешто глупаво (иако секогаш постојат исклучоци). Многу е тешко целосно да се препуштите во љубовната врска, доколку постојано има некаков вид препирања. Караниците кои водат кон животни промени не се забавни, но без сомнение се потребни. Од друга страна пак, овие 7 караници, дефинитивно не вредат за изгубените живци.
1. Дали еден од вас (не) му кажал на другиот да направи нешто. Воопшто не се трудете ни да ја започнете оваа караница. Не е воопшто важно дали едниот од вас кажал нешто или не, а другиот заборавил да го направи истото или не го чул. Комуникацијата не може секогаш да биде совршена, но со смирено разговарање можат да се решат многу недоразбирања.
2. Што било поврзано со пријатели или семејство кои не се однесуваат разумно. Ако станува збор за пријатели или роднини кои се однесуваат лошо кон вас, тогаш во ред е. Но, избегнувајте ги караниците со вашиот партнер во оние ситуации кога без причина не ви се допаѓа некоја негова или нејзина блиска личност.
3. Бидејќи не ви се оди некаде. Сосема е во ред да не сакате да одите на некој настан организиран од страна на фирмата во која таа работи, или на собир кој тој го организирал со неговите пријатели. Едноставно објаснете дека не сте расположени за дружење и останете дома, а вашиот партнер слободно нека излезе сам. Нема причина за караница.
4. Хипотетички сценарија. Сте го/ја прашале дали би спиел/а со ваш/а пријател/ка доколку сте мртви 10 години и тој/таа ви одговорил/а потврдно. Точно, можеби не требале да одговорат искрено, но прашањето воопшто не е фер. Истото правило важи и за караниците за бебешки имиња кога воопшто не се ни обидувате да имате бебе.
5. Хоби, интереси, забавни активности. Без разлика колку глупаво ви изгледаат вам, ако на вашиот партнер му носат среќа, тогаш оставете го/ја да ужива во мир. Дури и ако не можете да сфатите зошто некој би се интересирал за тоа, едноставно не треба да осудувате, ниту пак да исмејувате. Тоа неизбежно ќе доведе до караница, која воопшто не требало ни да настане.
6. Работи што се случиле пред да се запознаете. Не можете да се налутите некому само затоа што бил во врска со личност која вам не ви се допаѓа – во времето кога не сте се ни познавале. Ако некогаш започнете разговор на оваа тема, не заборавајте дека сите настани во минатото, и добри и лоши, нè направиле личноста која сме денес.
7. Што сакате заедно да правите, гледате или јадете. Ако сте од оние парови кои никогаш не можат да донесат одлука, напишете неколку идеи на хартија, замотајте ги и извлечете по случаен избор. Ова е добра идеја дури и за оние моменти кога и двајцата имате јасна замисла која не се согласува со желбите на другиот. Компромисот е клучен за успешна врска.