7 вежби со кои ќе го трансформирате вашето тело

7 вежби со кои ќе го трансформирате вашето тело

Дали барате ефикасни начини да го трансформирате вашето тело? Овие 7 вежби се навистина одлични и ќе ви бидат од помош доколку сакате да ги постигнете вашите фитнес цели. Со помош на овие вежби го затегнувате телото, но и ги горите калориите. Не губете време со други вежби, овие 7 не смеете да ги изоставите од вашата фитнес програма. Секако, не заборавајте дека и други фактори како исхраната и добриот сон, се од големо значење.

7 вежби со кои ќе го трансформирате вашето тело

1. Скокање на јаже

Кога последен пат скокавте на јаже? Веројатно кога бевте деца. Скокањето на јаже е евтина и ефикасна вежба со помош на која ќе потрошите многу повеќе калории од која било друга вежба. Не само што ви помага да го зацврстите телото, туку со скокањето на јаже навистина ќе се забавувате. Доколку барате ефективна кардио вежба, скокањето на јаже е нешто што мора да почнете да го практикувате.

7 вежби со кои ќе го трансформирате вашето тело

2. Чучнувања

Чучнувата се вежба која го активира целото тело а не само една мускулна група. Оваа ефикасна вежба го зацврстува телото и согорува многу калории. Доколку чувствувате дека сте физички поспремни и сакате поголеми резултати, кога правите чучнувања (сквотови) пробајте да потскокнувате кога се исправате, или пак да држите тегови во рацете. Правете ја оваа вежба редовно, со што ќе го трансформирате вашето тело и ќе го подобрите физичкото здравје. На почеток оваа вежба ќе ве уморува, но за брзо ќе ја стекнете потребната кондиција. Седењето во поголем дел од денот е лошо за вашето здравје. Зошто да не правите чучнувања додека чекате да се довари вашиот ручек, на пример, или правите пауза од работа?

7 вежби со кои ќе го трансформирате вашето тело

3. Склекови

Многумина ја одбегнуваат оваа вежба бидејќи е тешка, но вистината е дека склековите може да направат чуда. Постојат повеќе варијанти на склекови зависно од тоа на кои мускули од рацете и рамењата сакате да работите. Додека вежбате направете неколку различни серии склекови, со што нема да ви биде здодевно но и ќе работите на различни мускули. Практикувајте ја оваа вежба неколку пати неделно. Не заборавајте дека покрај придобивките за вашиот физички изглед, склековите се одлична кардиоваскуларна вежба и помагаат за правилно држење на телото.

7 вежби со кои ќе го трансформирате вашето тело

4. Сквотови со клекнување нанапред

За да ги затегнете мускулите на нозете но и вашиот задник, применувајте ја оваа ефикасна вежба која не одзема многу време. Препорачливо е да правите 3 серии по 10 секој ден доколку сакате најдобри резултати.

7 вежби со кои ќе го трансформирате вашето тело

5. Пливање

Добра вест за сите љубители на пливањето и оние кои редовно го практикуваат – пливањето прави чуда за вашето физичко здравје и психичка благосостојба. Пливањето не ве изморува многу а носи фантастични резултати. Со помош на пливањето ќе го регулирате крвниот притисок, работата на срцето и ќе ја подобрите вашата кондиција.

7 вежби со кои ќе го трансформирате вашето тело

6. Трчање

Започнете го денот со џогинг и ќе имате енергија и виталност преку целиот ден. Сте знаеле ли дека редовното трчање не само што ги зацврстува и тонира нозете, туку го намалува ризикот од депресија и го намалува стресот? Трчањето е одличен начин да согорите калории, да ги зацврстите мускулите на нозете, да набиете кондиција и да се чувствувате подобро.

7 вежби со кои ќе го трансформирате вашето тело

7. Возење велосипед

Возењето велосипед ги зацврстува мускулите на рацете, нозете и грбот. Доколку барате ефикасен начин за губење килограми, практикувајте возење велосипед колку што можете почесто. Добрата страна е што може да ја зголемите брзината и отпорноста на педалите. Возете во природа, на чист воздух, што носи дополнителни придобивки. Плус, доколку сакате да заштедите на гориво, може да одите со велосипед на работа.

7 вежби со кои ќе го трансформирате вашето тело


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар