7 ветувања до кои треба да се држите целиот живот
Досега сигурно имате слушнато дека „Животот започнува надвор од вашата удобна зона“. Иако ова е вистина, животот започнува и кога ќе си дадете неколку важни ветувања. Сигурно често си кажувате дека ќе ги следите вашите соништа, како новогодишните одлуки кои траат само до крајот на јануари. Но, ова се ветувањата до кои треба да се држите.
1. Имајте вистински пријател до вас
Вистинските пријатели се оние кои ќе ви помогнат во животот. Најтешките работи можеби ќе ги правите сами бидејќи сепак вие сте одговорни за вашата среќа, но многу полесно е кога имате личност на којашто можете да ѝ верувате без разлика на сè. Ова е личноста која ќе ви дава совети за љубовта и животот. Личноста која ќе ве насмее и која секогаш ќе биде до вас. Ветете си дека ќе го чувате овој пријател, но и дека вие ќе му помагате во сè.
2. Прифатете ги новите можности
Ветете си дека почесто ќе ги прифаќате новите можности ако сакате вашиот живот навистина да започне. Понекогаш стравот од непознатото ве тера да донесувате избрзани одлуки. Можеби не сакате да пробувате нови нешта бидејќи не сте сигурни што да очекувате или ви е страв од промена. Но кога ќе се отворите кон новите можности почесто ќе се изненадувате од исходите. Особено ако сè уште се обидувате да се пронајдете како личност, прифатете го секое искуство коешто ќе ви се пружи.
3. Учете од вашите грешки
Никој не е совршен и сите прават грешки. Ветете си дека во 20-тите ќе престанете да се плашите од неуспехот и ќе почнете да учите од него. Вистината е дека секогаш кога се затвора една врата, се отвора нова. За успех потребно е да паднете 7 пати, а да станете 8. Можете да ги искористите непријатните моменти за целосно да го промените вашиот живот, или како основа за нешто неверојатно.
4. Отстранете ги токсичните врски
Важно е да си ветите дека ќе се држите до она што го заслужувате и нема да се помирите со помалку. Можеби ќе се чувствувате себично, но тоа не значи дека правите нешто погрешно. Всушност ќе се изненадите колку ова ветување е здраво за вас. Ќе сфатите дека штом ќе созреете ќе се откажете од некои пријатели, и дека тоа е подобро за вас.
5. Патувајте што е можно почесто
Потребно е да патувате и да ја исполните вашата желба за лутање. Сигурно со месеци наоѓате изговор за местото што сакате да го посетите, па престанете да го правите тоа. Вашиот живот започнува во моментот кога ќе ја одберете авантурата која ве исполнува. Го имате целиот живот за да работите, а сигурно има нешто возбудливо надвор од вашиот град.
6. Споделете ги вашите чувства
Криењето на емоциите, без разлика дали се добри или лоши, не е никогаш добро за вас. Ветете си дека ќе ги споделувате вашите чувства. Можеби тајно сте вљубени во некого, или пак не можете да поднесете некоја ситуација. Какви и да се вашите чувства, немојте да ги криете во вас. Сепак, животот е премногу краток за да ѝ дозволите на потенцијалната сродна душа да си замине.
7. Спијте колку што треба
Никогаш не ја потценувајте моќта на добриот сон. Без разлика каде сте во животот, ветете си дека ќе си легнувате во „нормално“ време. Нема одеднаш да станете утринска личност, но ќе забележите значително подобрување на вашето расположение. Можеби ќе треба да дремнувате одвреме-навреме наместо да се потпирате на кафето, но сето ова е добро за вас и вашето здравје.
Ако сте се одлучиле за голема промена во вашиот живот, дознајте и како да се откажете од навиките што ве исцрпуваат.