7 трикови на Меган Маркл со коишто ќе изгледате пофотогенично
Војвотката од Сасекс, е несомнено една од најфотографираните жени досега. Без разлика дали таа гледа тениски натпревар на турнирот Вимблдон или се појавува на некој добротворен настан, таа секогаш изгледа навистина кралски. Со цел да ја откриеме нејзината мистична, сеприсутна фотогеничност, денес со вас ги споделуваме нејзините 7 тајни за добар изглед:
1. Преферира блескава, природна кожа, наместо премногу шминка
Сјајната кожа на војвотката доби дури и свое име: „Блесокот на Меган“. Според нејзиниот долгогодишен мејкап артист, Дениел Мартин, тој популарен кралски сјај, може да му се припише на златното руменило, коешто стратегиски го нанесува под очите и долж јаболкниците.
2. Носи едноставни фризури
Нема буквално ништо екстравагантно и пренагласено во фризурата на Меган. Во суштина, ако ја проанализирате, ќе забележите дека нејзиниот вообичаен изглед се состои од пуштена коса, во нежни бранови, коишто ѝ го врамуваат лицето и имаат ефект на ослабување на образите, како и големо количество сјај за коса. Еден од нејзините претходни стилисти ѝ откри на јавноста дека таа ја обожава линијата производи за коса „Kérastase Oleo Relax“, со која таа ги одржува нејзините прамени мазни и подготвени за фотографија, во секое време.
3. Честопати носи комплети долги „од глава до петици“
Девет од десет пати, ќе ја видите Маркл во елегантни монохроматски комплети, коишто имаат ефект на издолжување на телото. Згора на тоа, понекогаш носи и аксесоари скроени по мерка, како на пример појасен ремен, којшто визуелно го стеснува струкот и придонесува силуетата да изгледа перфектно, од буквално секој агол на фотографирање.
4. Преферира смели бои на облека
Сакате да се истакнете пред објективот? Ако вашиот одговор е „да“, тогаш одберете светло жолта, бебешко розова или тиркизно сина и вие ќе бидете ѕвездата на шоуто. На тој аутфит, додајте и пар чевли во бојата на вашата кожа, со кои визуелно ќе ја издолжите вашата фигура.
5. Идеално го позиционира нејзиното тело додека стои
Кога сме кај чевлите, доколку погледнете во стапалата на Меган, ќе забележите дека таа честопати ги прекрстува околу глуждовите и ја пренесува тежината на телото врз нејзиното предно стапало, за да создаде мал агол, кога е насочена кон камерите. Воедно, не заборавајте да ги држите вашите раце лабави покрај телото, а не наперчени на вашите колкови, за да имате поприродна позиција.
6. Ги навалува накосо нејзините нозе додека седи
Позајмувајќи трик од нејзината золва, Кејт Мидлтон, Меган веќе го усвои познатото „војвоткино навалување“, коешто и вие можете многу лесно да го имитирате, така што ќе ги вкрстите стапалата кај глуждовите и ќе ги приближите колената едно до друго, а потоа ќе ги навалите нозете кон едната страна. Ова е совршена позиција на телото кога носите фустан или здолниште, бидејќи придонесува вашите нозе да изгледаат послабо и да делувате скромно.
7. Нејзината насмевка е релаксирана
Се прашувате кој е најдобриот атрибут во легендарниот блесок на Меган Маркл? Нејзиното релаксирано држење на тело и однесување. Дури и кога носи многу високи потпетици и тесни фустани, таа делува опуштено, во главно благодарение на нејзината природна насмевка, поради којашто изгледа дека сè и е под конец. Тоа значи дека треба да заборавите на познатата паткина фаца или на вештачкото истакнување на вашите бели заби во насмевка. Едноставно, помислете на нешто што ви е навистина смешно и дозволете му на вашето среќно лице, кое ви е дадено од Господ, да заблеска во својот полн сјај.
Кога сме кај војвотката Меган, прочитајте ги и нејзините 6 правила за здрав живот.