7 трикови и совети за спанковците и за сите што тешко се будат наутро
Постојат два типа луѓе – едните се нарекуваат ноќни птици, додека другите се утрински. Првите многу потешко се будат наутро и имаат потешкотии додека се расонат во утринските часови, а на вторите не им е воопшто проблем да скокнат од кревет веднаш штом осамне утрото. Ако сте ноќни птици и тешко ви паѓа будењето, овие совети и трикови се совршени за вас! Советите ги даваат научниците од Универзитет во Њујорк каде што се проучуваат нарушувањата на спиењето.
1. Придржувајте се на одреден распоред на спиење
Утврдете колку сон ви е потребен и одредете во кое време ќе треба да си легнете навечер. Спиењето има голема улога во начинот на кој ќе се разбудите следното утро. Научниците велат дека одењето во кревет порано е најефикасна промена што можете да ја направите. Можеби на почетокот ќе ви биде потешко да заспиете, но ќе се навикнете.
2. Хидратацијата на организмот не ја заборавајте
Погрижете се да пиете доволно течност пред да заспиете, а добра идеја е да чувате чаша вода покрај креветот во случај да се разбудите во текот на ноќта. Ако телото ја добие потребната хидратација наутро нема да бидете уморни. Внимавајте да не претерате за во текот на ноќта да не се будите за до тоалет.
3. Гледајте телевизија
Во овој случај, гледањето телевизија може да ви помогне бидејќи телевизорот емитира дневна светлина. Изложеноста на дневната светлина во траење од 20 минути може да биде од помош, но можете да користите и некои уреди што емитираат сончева светлост. Ова важи само за наутро бидејќи воопшто не е препорачливо гледање телевизија во вечерните часови пред спиење.
4. Не го одложувајте алармот
Сигурно веќе имате слушнато дека одлагањето на алармот само го отежнува станувањето од кревет. Согласно со тоа – нема одлагање на алармот! Тоа е губење драгоцено време. Или спијте или станете, елиминирајте ја оваа состојба која е некаде „измеѓу“ нив две.
5. Чувајте куче
Доколку имате услови за тоа, посвојте крзнен пријател кој секое утро од вас ќе бара да го прошетате. Тоа ќе биде дополнителна причина да станете и да се разбудите.
6. Вежбајте
Многу луѓе кои се утрински типови тоа им го должат на утринските вежби. Велат дека тоа ги мотивира бидејќи кога ќе го завршат тренингот, задоволни го започнуваат денот размислувајќи на тоа дека веќе завршиле одредена работа. Исто така, вежбањето ќе го разбуди и стимулира целиот ваш организам.
7. Не го прескокнувајте појадокот
Попрецизно појадокот нека ви биде обилен – во тоа не се смета тој кекс што сте го зеле по пат до работа. Избегнувајте шеќер бидејќи тој многу ја намалува енергијата и ќе бидете многу поуморни. Совет: за појадок внесувајте протеини кои ќе ви дадат подолготрајна енергија.
Дознајте и што ќе се случи со вашето тело ако секоја вечер пред спиење јадете по една лажичка мед.