7 типови луѓе кои го прават животот на работното место неподнослив

7 типови луѓе кои го прават животот на работното место неподнослив

Во зима задушливиот воздух во затворената канцеларија одеднаш станува забележлив. Крајните рокови се приближуваат, шефот им дише во врат на вработените, па сите се при крај со своите нерви.

7 типови на луѓе кои животот на работното место го прават неподнослив

За време на паузите имате можност да се запознаете со различните карактери на вашите колеги и на тој начин знаете со кого да се спријателите, а кого да избегнувате со цел неговото присуство да не влијае при исполнувањето на вашите работни задачи. Постојат 7 типови луѓе кои без сомнение ќе ги сретнете во секоја поголема канцеларија, а кои истовремено ќе го направат вашето работно време неподносливо.

1. Зборувачот

Овие луѓе едноставно не знаат да замолчат. Вие можете да се обидувате да ги игнорирате, да станете од вашето место додека не решат да замолчат или да ставите слушалки со гласна музика. И сето ова нема да ги одврати од нивната намера да зборуваат. Сосема е нормално да направите неколку кратки разговори во текот на денот за да ги раскажете случките од долгиот викенд или пак да споделите некоја новост, но овие луѓе едноставно работното место го претвораат во нивно стенд-ап шоу. Следното што знаете е дека дошол крајот на работното време, а вие не сте сработиле ништо.

2. Осамениот

Дали овие луѓе воопшто постојат? Можеби ќе ги забележите како влегуваат во кујната или за момент ќе го видите нивниот одраз во огледалото додека излегуваат од тоалетот, но нема сигурен доказ за нивното присуство. Не можете ни да се сетите на нивното презиме за да им испратите имејл. Овие луѓе се дел од тим во вашиот сектор, но од кој тим поточно? Внимавајте да не останувате во канцеларија до доцна бидејќи тој или таа веројатно ќе бидат таму и ненамерно ќе ве извадат од памет.

3. Гурманот

Ако сакате да се здебелите десет килограми во следниот месец, тогаш дружете се со овие луѓе. Тие имаат фиока полна со чоколади и други слатки задоволства и секогаш кога ќе поминете покрај нивното биро тие џвакаат нешто. Овие луѓе ќе го искористат секој момент да прошетаат низ бироата и на останатите вработени да им понудат нешто за јадење, а „жртвите“ поради тоа што се премногу внесени во работата не забележуваат ни што прифатиле.

4. Заспаниот

Едно од најлошите нешта кога работите е тоа што мора да станувате рано секој ден. Се чувствувате збунето и флегматично додека притискате по тастатурата, а очите полека ви се затвараат и целосно заборавате што сте работеле во изминатиот час. Но, овие луѓе не го прифаќаат хроничниот замор како дел од нивното секојдневие, туку најчесто се оптегнати на 20-годишниот кауч во собата за пауза и не стануваат по никоја цена.

5. Агресорот

Кога последен пат сте одговориле на имејл со изјавата „Јас знам како да ја извршувам својата работа“? Повеќето би рекле никогаш, но секогаш постојат одреден број луѓе кои агресивно пристапуваат кон проблемите и предизвиците. За несреќа, секој од нас барем еднаш ќе наиде на ваков колега. Тие секогаш ќе мислат дека нивниот придонес кон работата е далеку посупериорен од нашиот.

6. Жртвата

Никој никогаш не им помогнал на овие луѓе во работата. Тие не можат да ги завршат обврските на време. Но, ова не е поради тоа што имале повеќе задачи отколку што можат да поднесат, туку затоа што самите задачи си имале доста недостатоци. Овие луѓе се отсутни секој петок и понеделник затоа што нивните роднине биле болни. Тие ги лутат вредните работници, а поради нив мрзливите стануваат агресивни.

7. Социјалниот борец

Овие луѓе се гласот на слабите и угнетените, но најчесто се борат за нивната опсесивно компулсивна потреба да бидат во центарот на вниманието. Tие го сокриваат своето незадоволство од неизмиените чинии, оставени во мијалникот во кујната, или расфрланата хартија насекаде, со анонимни пораки закачени на ѕидот. Сите знаат кој ги напишал, но никој нема гласно да каже бидејќи веднаш ќе се појават нови пораки.

И секако, тука сме ние останатите. Ние сме набљудувачи на сѐ што се случува и уживаме во хуморот, неуспесите и успесите на тие околу нас како што би уживала публиката во драмските трагедии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар