7-те улоги што ги игра мажот кои изгледаат одлично, но прават да се чувствувате мизерно

7-те улоги што ги игра мажот кои изгледаат одлично, но прават да се чувствувате мизерно

Мажите играат многу улоги во нивните животи – пријател, брат, сосед, колега… Но некои улоги имаат свој токсичен живот, особено кога ќе ги преминат границите. Постојат 7 улоги кои мажите понекогаш несвесно ги прифаќаат и со тоа ги уништуваат врските со жените кои ги сакаат.

7-те улоги што ги игра мажот кои изгледаат одлично, но прават да се чувствувате мизерно

Ако се умерени овие улоги, тие дури можат да бидат и здрави. Но кога улогата целосно ќе го преземе мажот, врската може да се претвори во една огромна главоболка што прави и двајцата партнери да се чувствуваат мизерно. Најважното е да се одберат најдобрите квалитети од секоја улога со цел да има хармонија во врската.

1. Татко

Мажот со оваа улога често нуди поддршка и безбедност. Жените го сметаат ова за привлечно бидејќи се чувствуваат сигурно и безбедно. Во реалноста, Таткото не ја гледа партнерката како еднаква туку како некој што ја игра улогата на ќерка. Кога таа ќе погреши тој покажува доминантност. Ова ќе создаде динамика каде што жената ќе почнува да се бунтува и ќе почне да прави работи само за да му се спротивстави на партнерот. Ова се случува кога третирате некој како дете – тој почнува да се однесува така.

2. Лошо момче

Романтичните комедии нè научија дека некои жени секогаш ќе ги сакаат лошите момчиња. Тие се возбудливи, храбри и авантуристи. Атрактивни се бидејќи не се обидуваат да задоволат никого. Едноставно се оние коишто се, а многу луѓе го бараат тоа во врската. Но, жените никогаш нема да можат да му веруваат на Лошо момче. Можеби тој е искрен, но е искрен само кон себе, а многу често е и себичен. Ова значи дека ако сака да спие со друга девојка, нема ништо да го спречи во тоа.

3. Добро момче

Овие момчиња се одлични за претставување пред родителите. Тие се сочувствителни, разбираат и ќе се жртвуваат за да го добијат признанието од другите. Но, ова е добро само на хартија и врската со овие момчиња често станува нешто од коешто жените сакаат да се ослободат. Добрите момчиња воопшто не се за долга врска бидејќи жените се чувствуваат заробено со нив. Бидејќи се однесуваат премногу добро, жената ќе се чувствува уште полошо доколку одлучи да го остави. Овие момчиња толку сакаат да ги задоволат сите што никогаш не кажуваат што навистина мислат. Најчесто овие момчиња се наоѓаат во „пријателската зона“ или ги гледаат како луѓе кои немаат среќа во љубовта.

4. Витезот во сјаен оклоп

Речиси секоја Дизни принцеза завршила со нејзиниот херој, мажот кој го спасил денот. Шармот, романтиката и самодовербата се навистина привлечни карактеристики, но токму тие се причината зошто не гледаме што се случува по завршувањето на филмовите. Кога жената целосно се потпира на нејзиниот партнер, таа станува зависна. Ако одново и одново очекува да биде спасена, не може да ги развие потребните вештини за да си помага сама. Оваа врска се претвора во однос каде што жената има потреба од партнерот, дури и ако не го сака. Ова му дава моќ на Витезот да ја доминира, а тоа однесување воопшто не е здраво.

5. Бизнисмен

Бизнисменот е рационален, предвидлив и праведен. Ова се одлики што ќе му овозможат унапредување, но во љубовта ќе го претворат во личност којашто е премногу загрижена за еднаквост, кој за што платил, кој последен ги измил садовите и кој на кого му должи оргазам. Веројатно веќе ви е јасно дека романтиката не им е силна страна на овие луѓе. Врските се двонасочна улица, па да, потребна е праведноста но исто така и нежност, жртва и љубов. Постојат периоди кога повеќе се очекува од мажот, и периоди кога повеќе се очекува од жената.

6. Петар Пан

Петар Пан е мажот којшто никогаш не пораснал. Тој е забавен и на жените им се допаѓа неговата природа и игривост. На ова додајте ја и спонтаноста и добивате совршен маж. Но, секој треба да порасне во даден момент. Она што Петар Пан не може да го направи е да ја добие почитта од партнерката. Тој има планови кои жената знае дека никогаш нема да станат реалност, не сака да се труди и не успева во ништо. Не може да се справи со реални емоции и реални проблеми, а ова ја прави врската навистина лажна.

7. Заводник

Заводникот се фокусира само на едно нешто – неговата партнерка. Тој знае да го каже точно она што таа сака да го слушне и може да направи да се чувствува како најубавата жена на светот. Ова го прави навистина неодолив бидејќи не постои жена која не сака да ги слушне овие работи. Проблемот е што Заводникот не сака врска туку сака да си ласка самиот. Штом ќе го постигне тоа, не е сигурен што да прави со партнерката, па само ја мами со неговите зборови. Овие мажи се плашат од долги врски и воопшто не се за брак. Некои жени ќе паднат на нивниот шарм, а некои веднаш ќе сфатат за каква личност станува збор.

Погледнете и кои се 10-те работи што мора да ги знаете за љубовните врски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар