7-те тајни на жените со совршена коса
Секој ден, на Интернет, на телевизија и во весниците гледаме ѕвезди со совршени коси. Бидејќи ние немаме цел тим од стилисти, се обидуваме да го извлечеме максимумот од нашата коса со нови производи и тренди фризури. Но, нема потреба од ова. Во продолжение погледнете ги 7-те тајни на жените со совршена коса и почнете да ги користите уште денес.
1. Избегнуваат топлина
Стилистите препорачуваат сушење и обликување на косата без топлина. Важно е да користите помагала кои се нежни кон вашата коса, односно кои не ја уништуваат со непотребна топлина. Доколку сепак не можете да се ослободите од фенот или пеглата за коса, не заборавајте на косата да нанесете заштитен спреј од топлина.
2. Спијат на свила
Инвестирајте во постелнина од свила. Нејзината нежна текстура нема да ви ја заплетка косата, како што тоа го прави памукот. На овој начин вашата коса ќе остане мека.
3. Не штедат на регенератори
Косата, исто како и кожата, бара влага. Па, со секое миење на косата нанесувајте и хидратантен регенератор.
4. Се хранат здраво
За здрава коса потребна е здрава исхрана. Особено добро е да консумирате намирници богати со железо, цинк и омега 3 масни киселини. Овие состојки ѝ даваат волумен и сјај на косата, а истовремено го поттикнуваат и нејзиното растење.
5. Внесуваат важни витамини
За да дознаете дали имате недостаток од некој витамин, погледнете колку ви се здрави кожата и ноктите. На пример, доколку кожата ви е сува а ноктите кршливи, голема е веројатноста дека и на вашата коса ѝ е потребна дополнителна нега. Биотинот, или витамин Х, кој се наоѓа во овесните снегулки и оризот е важен за косата и го спречува нејзиното паѓање. Исто така и витамините А, Б, и Ц имаат позитивно влијание врз растот на косата.
6. Не минуваат многу време на сонце
Покрај тоа што сонцето е штетно за кожата, тоа ѝ штети и на вашата коса. За да го спречите ова, стилистите препорачуваат секој втор ден да нанесувате регенератор што не се измива. Нанесете го од средината на главата до врвовите на косата и ќе ја заштитите од штетните УВ зраци, ветерот и солената вода.
7. Миење со студена вода
Немојте да ја миете косата со жешка вода. Превисоката температура го намалува волуменот на косата и најдобро е да ја миете со млака вода. Продуктите за нега на коса секогаш плакнете ги со студена вода.
Погледнете ги и овие трикови за поголем волумен на косата.