7-те смртни имејл гревови

7-те смртни имејл гревови

Доколку ги игнорирате мејловите или ги оставате за подоцна, тие ќе се трупаат како нечиста облека, што според психолозите е многу стресно за вашата психа.

Просечниот вработен праќа околу 10.000 имејл-пораки годишно. Но, ако со оваа комуникациска алатка не се ракува како што треба, тоа може да го загрози нашето и здравјето на нашите колеги, вели д-р Ема Расел од Британската бизнис школа Кингстон.

7-te-smrtni-imejl-grevovi-kafepauza.mk

Затоа, психолозите направиле листа на најчестите грешки при размената на електронска пошта, кои, ако се искоренат навреме, можат да спречат нервоза, стрес и растроеност. На листата се наоѓаат бесконечното пинг-понг допишување, проверка и праќање службени мејлови после работно време, проверување мејл и одговарање на пораки во друштво или на состанок, барање потврда за примање на секоја испратена имејл-порака, автоматски одговор, брзинско одговарање како и игнорирање.

7 најголеми имејл гревови
  1. Пинг понг – постојана размена на пораки по принципот „јас тебе – ти мене“
  2. Испраќање и примање мејлови надвор од работното време
  3. Испраќање имејл-пораки во нечие друштво
  4. Целосно игнорирање на мејлови
  5. Барање потврда за примање и читање на имејл-пораките
  6. Одговарање штом видите нотификација за примен мејл
  7. Автоматски одговор

Многу грешите и ако штом примите групна порака, кликнете на „одговори на сите“. Било да се работи за одговор на прашање кое е поставено до целиот тим или за шега, групните пинг-понг пораки кои го гушат сандачето се едни од најголемите причинители на стрес, потврдува студијата.

Одговарањето пораки во друштво и надвор од вашето работно време, иако може да ви донесе поени пред претпоставениот, остава лош впечаток пред луѓето и покажува дека не знаете да воспоставите рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот. Овој имејл-грев е сериозен бидејќи може да биде штетен и за колегите и соработниците бидејќи тие чувствуваат дека мора да бидат постојано достапни за да ви одговараат на вашите мејлови.

Со инстант одговарањето можете да оставите впечаток на добро информирана личност, но и да го збуните испраќачот. Промислениот и добро обмислен одговор за кој е потребно малку време да се состави, е подобар од брзинскиот со кој ја давате бараната информација, но со погрешен тон.

Ако од примачот на вашите пораки постојано барате потврда за примање, тоа е многу стресно бидејќи примачот е под притисок дека веднаш треба да изреагира.

Вработените кои се опседнати со мејлови не се ни свесни дека тоа е причина за нивната расеаност и дека тоа штети на нивното и на ментално здравје на нивните колеги.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар