7-те принципи за побогат и финансиски стабилен живот

7-те принципи за побогат и финансиски стабилен живот

Парите и материјалното богатство се потребни на секој човек кој посакува квалитетен живот, иако честопати не знаеме да ги цениме и ги одбиваме сите наши потенцијални успеси и добивки со негативна енергија. Во време на материјални кризи, сѐ повеќе луѓе имаат негативен или контроверзен став кон парите, истовремено посакувајќи ги и сметајќи ги за неопходни, но велејќи дека парите го расипуваат човекот. Во основа на ова уверување се крие и причината што многумина немаат онолку пари колку што навистина им е потребно. Во продолжение прочитајте ги 7-те принципи за побогат живот извадени од книгата „Енергија на парите – Реки на изобилието“ од Маргарита Миленкович.

7-те принципи за побогат и финансиски стабилен живот

1. Принципот на желбите

Важно е да се знае зошто ви се потребни парите. Да се одреди колку пари се доволно на месечно или годишно ниво, и во врска со тоа јасно да се претстави една слика како би изгледал вашиот живот кога би ја имале таа одредена сума.

2. Принципот на целите

Потребно е да ги одредите своите материјални цели и да бидете свесни за своите подлабоки аспирации кои се однесуваат на сопственото постоење и смислата на животот. Не смеете да дозволите материјалните цели да ви бидат првенствени, туку е важно своите цели да ги избирате во складност со потребите на својата душа, а не своето его.

3. Принципот на одлуките

Бидете одлучни во својата намера финансиски да го стабилизирате својот живот, бидејќи тоа е најзначајниот чекор кој мора да го направи секој кој сака да зачекори на патот кон материјалното богатство.

4. Принципот на мислите

Еден од основните принципи во животот е да се обидете да го привлечете она за кое најмногу размислувате. Доколку верувате дека имате онолку пари колку што ви е потребно за да ги задоволите сите свои желби кои парите можат да ги обезбедат, тогаш ќе почнете да го привлекувате тоа и во вашиот живот.

5. Принципот на чувствата

Исто како што го привлекувате она што го мислите, така го привлекувате и она што го чувствувате. Ако со вас доминираат позитивните емоции, добрите вибрации и чувствата на радост, среќа и задоволство, не постои сомнеж дека во вашиот живот ќе го привлечете не само она што ви е потребно, туку и она што ве исполнува.

6. Принципот на унапредувањето на своите способности

Колку и да е важно што мислите и чувствувате, сепак нема многу да постигнете ако го прескокнете последниот чекор – акцијата. Затоа е важно да вложувате во себе и развојот на своите вештини, таленти, способности и потенцијали, а и да бидете доволно креативни да пронајдете нови начини за заработка.

7. Принципот на благодарноста

Благодарноста е дел од универзалните принципи со кои го привлекуваме позитивното во животот. Секогаш бидете благодарни за сѐ што имате, но и за она што го немате, бидејќи и тоа е во складност со вашето битие. Немојте да се жалите за тоа што немате доволно средства за да си дозволите луксузен живот, туку бидете благодарни на она што се наоѓа пред вас. Погледнете како вашата финансиска состојба ќе се подобри од моментот кога наместо на она што го немате, се концентрирате на она што го имате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар